Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Плеј-оф за Лига Европа: Шкендија во вечер за уживање на „Сан Сиро“

0
By Нова ТВ on August 17, 2017 СПОРТ
Фото: facebook.com/fcshkendija/
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 17, 2017 13:38

Шкендија е пред најзвучното гостување во клупската историја. Македонскиот вицепрвак вечерва (20,45 ч.) ќе игра на култниот „Сан Сиро“ во плеј-офот за УЕФА Европа лигата во фудбалска претстава за уживање и вечно паметење на тетовци. Против себе го имаат седумкратниот континентален првак Милан предводен од Винченцо Монтела кој, според најавите, нема да препушти ништо на случајот ако се има во предвид составот што го пријави за судирот со македонските „росонери“.

Браќата Донарума (Џануиџи и Антонио) и Сторари се опција за меѓу стативите. За дефанзивната линија ќе конкурираат Абате, Антонели, Бонучи, Конти, Габиа, Мусачо, Родригез и Запата, на располагање во средниот ред ги има Бонавентура, Чалханоглу, Кеси, Локатели и Монтоливо, а изборот за нападот е Борини, Кутроне, Андре Силва и Сусо. Ова упатува на заклучок дека италијанскиот претставник ќе настапи во најсилниот тим со исклучок на Лукас Билја и Нианг.

Противничкиот избор на играчи, сепак, не влева паника кај Шкендија. Нејзините фудбалери се решени да го извадат најдобро од себе, да одиграат најдобро што можат и да уживаат во настапот на фудбалскиот храм во Милано.

„Јасно е кому му припаѓа фаворитската улога. Имаме голем респект кон Милан, клуб кој значи многу во европскиот фудбал. Но, морам да кажам дека не дојдовме овде туристички. Зад нас се шест добри натпревари во Лига Европа летово, се надевам дека достојно ќе се претставиме и овде. Мотиви вооопшто не недостасуваат“, вели Ќатип Османи, тренерот на Шкендија.

Италијанските медиуми објавија вест дека на два дена до натпреварот со Шкендија се продадени преку 25.000 влезници, но вечерва се очекувааат преку 30.000 гледачи на трибините. Меѓу нив и неколку илјади навивачи на гостинот од Тетово кои допатуваат со околу 20 автобуси од Италија и соседните држави за поддршка на вицешампионот на Македонија.

„Гости сме на Милан што само по себе правви атмосферата во тимот да биде на највисоко ниво. Наместо притисок се чувстува позитивна енергија кај секој член во експедицијата и во екипата. Допатувавме да играме фудбал, да се прикажеме во најсветло издание пред италијанската јавност и да бидеме на посакувано ниво. Се надевам дека така и е биде“, дополни Ферхан Хасани.

Двомечот со Милан дојде како награда за Шкендија по елиминациите на Дачија (Молдавија), Хелсинки (Финска) и Тракаи (Литванија) во изминатите три кола.

Судиите на натпреварот доаѓаат од Австрија. За главен е делегиран Харалд Лехнер, негови асистенти ќе бидат Андреас Хајденрих и Максимилијан Колбич.

Лига Европа Милан Плеј-оф фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.