Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛЕ: Милан се врати во Европа со победа, Осиек го шокира ПСВ

0
By Нова ТВ on July 28, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 28, 2017 00:25

Фудбалерите на Милан се вратија на меѓународната сцена со победа како најава на клупската решителност за влез во нова ера или постепено враќање на славните патеки од минатото. „Росонерите“ ја совладаа Крајова со 1:0 во првиот меч од третото квалификациско коло за Лига Европа, но и прв официјален меѓународен за тимот од „Сан Сиро“ по 2014 година. Стрелец на единствениот погодок на гостувањето во Романија беше Рикардо Родригез во финишот на првиот дел.

Родригез е еден од десетте нови играчи што богатите кинески газди ги привлекоа во летниот преоден рок во Милано. Покрај него, во почетниот состав што Винченцо Монтела го изведе на стадионот „Мунисипал“ во Дробета – Турну Северин се најдоа и Абате, Мусачо и Запата во одбраната, Кеси, Монтоливо и Бонавентура во средниот ред и Нианг, Борини и Кутроне во навалниот. Шанса од клупата чекаа Сторари, Конти, Локатели, Гомез, Маури и Силва.

Во протоколот ги немаше Лукас Билја, повредените Алесио Ромањоли, Суса и Бака и, забележувате, Леонардо Бонучи, најзвучното засилување на „црвено-црните“ ова лето. И без нив, Милан и покажа на Европа дека е „жив“, а со нив во тимот повторно ќе биде и конкурентен за (нај)високи дострели иако Паоло Малдини порача дека е сè уште рано да се размислува за Скудето.

Фото: uefa.com

Изненадување на вечерта приреди Осиек со Музафер Ејупи. Четвртопласираната екипи во хрватското првенство за минатата сезона го шокира холандски ПСВ и тоа во Ајндховен со 1:0. Погодокот за голем триумф на „Филипс арена“ беше дело на Баришиќ од пенал во 57 минута. Македонскиот интернационалец беше стартер и ги одигра сите 90 минути.

Лига Европа/квалификации/3 коло/први мечеви

Денеска играат

Млада Болеслав (Чешка) – Скендербег (Албанија) 2:1

Олимпик Доњецк (Украина) – ПАОК (Грција) 1:1

Тракаи (Литванија) – Шкендија (Македонија) 2:1

Макаби Тел Авив (Израел) – Паниониос (Грција) 1:0

АЕК Ларнака (Кипар) – Динамо Минск (Белорусија) 2:0

АИК Стокхолм (Шведска) – Брага (Португалија) 1:1

Краснодар (Русија) – Лингби (Данска) 2:1

Естерсундс (Шведска) – Фола Еш (Луксембург) 1:0

ПСВ Ајндховен (Холандија) – Осиек (Хрватска) 0:1

Штурм (Австрија) – Фенербахче (Турција) 1:2

Судува (Литванија) – Сион (Швјацарија) 3:0

Утрехт (Холандија) – Лех Познањ (Полска) 0:0

Астра (Романија) – Олександрија (Украина) 0:0

Ботев Пловдив (Бугарија) – Маритимо (Португалија) 0:0

Динамо Букурешт (Романија) – Атлетик Билбао (Шпанија) 1:1

Бнеи Јехуда (Израел) – Зенит Санкт Петербург (Русија) 0:2

Арка Гдиња (Полска) – Митјиланд (Данска) 3:2

Брондби (Данска) – Хајдук (Хрватска) 0:0

Крајова (Романија) – Милан (Италија) 0:1

Бордо (Франција) – Видеотон (Унгарија) 2:1

Црвена звезда (Србија) – Спарта Прага (Чешка) 2:0

Гент (Белгија) – Алтах (Австрија) 1:1

Панатинаикос (Грција) – Габала (Азербејџан) 1:0

Абердин (Шкотска) – Аполон (Кипар) 2:1

Динамо Загреб (Хрватска) – Одд Гренланд (Норвешка) 2:1

Олимпик Марсеј (Франција) – Остенде (Белгија) 4:2

Австрија Виена (Австрија) – АЕЛ Лимасол (Кипар) 0:0

Евертон (Англија) – Ружомберок (Словачка) 1:0

Фрајбург (Германија) – Домжале (Словенија) 1:0

Реваншите се закажани на 3 август

квалификации Лига Европа Милан Осиек фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.