Browsing: МОН

Речиси 59 проценти од анкетираните директори, 58 проценти од анкетираните наставници во основното и 48 проценти во средното образование, како и 46 проценти од анкетираните родители ја поддржале редовната настава во училница во согласност со протоколите, покажало истражувањето на МОН, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Владата на Обединетото Кралство и во соработка со истражувачкиот тим на Реактор-истражување. Опфатени се мислења на околу 10.000 испитаници (210 директори на училишта, 6.400 наставници и 3.400 родители) прашани преку онлајн-анкета во јуни и јули

Од нив се бара и во најкус можен рок да обезбедат информации од сите свои вработени, ученици и студенти дали во последните две недели патувале или живеат со некој кој патувал во Ломбардија, Венето, Емилија Ромања и Пиемонт во Италија, но и во Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Макао, Филипини, Јужна Кореја, Сингапур и Тајван

Претпладнево во Владата, двете страни ја потпишаа Спогодбата што предвидува корекции на месечните лични доходи за околу 20.000 вработени во основното образование, 8.000 во средното, 4.500 во високото образование и 220 вработени во научните институции

Министерот за образование и наука ги повика директорите и наставниците во основните и средните училишта да се подготват за утрешниот прв училишен ден, затоа што, како што рече, едукацијата на учениците не треба да има застој, а особено не треба да се дозволи разочарување на првачињата кои првпат ќе седнат во училишните клупи