Browsing: НБА

Аргентинскиот кошаркар е дел од „старси“ од 2002 година. Од тогаш освои четири шампионски прстени во НБА лигата и се вбројува меѓу петте најдобри во историјата на франшизата од Тексас во четири статистички категории – одиграни натпревари, асистенции, „украдени“ топки и постигнати кошеви

Освојувачот на шампионскиот прстен во НБА лигата и извонредниот бек шутер ја обновија соработката пришто управата на „вориорси“ ги понуди највносните услови досега што никако не можеше да бидат одбиени

Мечот во „Веризон центар“ изобилуваше со некошаркарски моменти, актерство, провокации и технички грешки и убедлива победа на домашните со 116:89 за намалување на 1:2 во полуфиналната серија на Истокот. Голден Стејт ја совлада Јута со 115:104 и поведе со 2:0 на Западот

Плејмејкерот на Сан Антонио се здоби со повреда на коленото за време на вториот меч против Хјустон во кој спарси триумфираа со 121:96 за израмнување на 1:1 во полуфиналето во Западната конференција