Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лејкерси ги пензионираа броевите 8 и 24 како признание за Коби Брајант

0
By Нова ТВ on December 19, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 19, 2017 11:46

За еден кошаркар постојат два моменти кои го вивнуваат на пиедесталот: пензионирање на дресот во кој тој настапувал и да влез во Куќата на славните. На Коби Брајант му успеа не еден, туку два дреса да му пензионираат во Стејплс центарот, броевите 8 и 24, а Куќата на славните е само прашање на датум бидејќи неговото место таму е загарантирано.

Минатата ноќ, за време на натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс, на паузата од првото кон второто полувреме, Брајант беше почесетен со големи зборови од легендата на Лејкерс, Меџик Џонсон, кој рече дека Коби Брајант е најдобриот кошаркар кој го облекол дресот на Лејкерси.

Ова е уште поголемо признание ако се знае дека освен големиот Џонсон, тимот го претставувале и Карим Абдул Џабар, Вилт Чемберлен, Шекил О’Нил и ред други легендарни имиња на кошарката.

„Голема благодарност за ова што се случува вечерва. Ова не е само за мене, ова е за сите оние кои имаат дресови во оваа сала, кои ми беа инспирација да бидам се подобар“, изјави Коби, кој на трибините беше поздравен од Шекил О’Нил.

Воедно, Брајант пред присутните објасни зошто го променил бројот на дрес во текот на фантастичната кариера, откако во 2006 година бројот 8 го замени со 24.

„Кога првпат дојдов во лигата ја зедов осумката, сакав само да докажам дека заслужувам да сум овде, дека сум меѓу најдобрите. Кога го сторив тоа, бројот 24 е чекор напред. Физичките атрибути не беа толку доминантни, но зрелоста беше поголема, морав да ја сменам перспективата како еден од највозрасните во тимот, што треба да се грижат за помладите“, рече Брајант.

Меџик Џонсон и сопственикот Џери Бас му прочитаа писма во име на клубот чии дрес го носеше две децении, а во кој освои пет прстени во најсилната кошаркарска лига – НБА.

 

Коби Брајант Меџик Џонсон НБА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.