Browsing: Нејмар

Томас Тухел, тренер на париските „светци“, признава – „ослабени сме“, па целиот товар и притисок ќе падне на Килијан Мбапе. Дуелот на „Олд Трафорд“ е со почеток во 21 часот кога ќе почнат и Рома и Порто на „Олимпико“ со кои почнува и примената на ВАР технологијата во ЛШ

Дел од ставките во договорите на фудбалерите што излегоа во јавност преку тајните документи на платформата „Фудбал Ликс“ се иритантни ако се има предвид постојаниотѕ пораст на стапката на сиромаштија во светски рамки

Ѕвездата на „кариоките“ и на ПСЖ седна на маса со почетен депозит од 1.877 долари и стигна до финалето како еден вид утеха кога веќе не успеа со фудбалската репрезентација на Бразил на Светското првенство во Русија

За сензационалната понуда јави шпанската национална телевизија ТВЕ според која управата на „кралевите“ е подготвена да понуди седумгодишен договор на Бразилецот кој би заработувал 45 милиони евра по сезона

Според весникот „Ел Паис“, претседателот на „светците“, Насер Ал-Келаифи наводно му понудил потенцијален бонус од еден милион евра на Уругваецот надвор од неговиот договор со клубот од „Паркот на принцевите“ доколку му дозволи на Бразилецот во иднина да биде изведувач на најстрогите казни, а притоа да биде и најдобар стрелец во француската Лига 1 на крај на сезоната

„Светците“ го декласираа Тулуз со 6:2. Бразилецот во фокусот, покажа силни емоции при едноминутниот молк во чест на жртвите во терористичкиот напад во Барселона, град во кој мина четири години за потоа да биде МВП во натпреварот со два гола и две асистенции

Реакцијата од Ла Лига е без легална основа за спречување на трансферот бидејќи е исполнет услов од договорот, но, сепак, се решија да стават вето и најавија жалба до УЕФА за прекршување на финансискиот фер-плеј од францускиот клуб

Нејмар во Париз се чека за потпис на договор до 2022 година вреден 150 милиони евра или 30 милиони по сезона. Со тоа, Бразилецот ќе стане најскап играч во историјата на фудбалот и „дебело“ ќе го надмине Пол Погба кој минатото лето се пресели од Јувентус во Манчестер јунајтед за 105 милиони евра