Browsing: образование

Не смееме да дозволиме црно-бела слика и исклучиви позиции, односно избор: или здравје или образование на децата. Тоа не е добро. Мораме и работиме да овозможиме и здравје и солидно, ефикасно, ефективно образование

Во публикацијата „Северна Македонија во бројки, 2020“, што неодамна ја објави Државниот завод за статистика, во податоците за образованието во земјава е наведено дека во учебната година 2008/09 имало 94.387 средношколци, пет години подоцна (2013/2014) бројот паднал на 86.936, а намалувањето продолжило и во наредните пет години, па бројот на запишани средношколци во учебната 2018/19 изнесувал 72.123

Првото полугодие го одбележаа „есенските“ преговори на СОНК со Министерството за образование и наука за повисоки плати, а во второто и учениците и наставниците, се соочија со нова и досега непозната ситуација што ја наметна пандемијата со Ковид-19. Со одлука на Владата во април, оваа година ќе нема државна матура, па матурантите ќе може да конкурираат на уписите на факултет со дипломата за завршено средно образование

Македонци и Албанци заеднички да следат настава во еден клас е реткост во Македонија, но во тетовско Прељубиште интегрирано образование, ако така може да се каже, било привилегија. Во објектот во тетовско Прељубиште завршија две генерации кои следеа интегрирана настава, а беа дел од Средното стручно земјоделско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. Проектот беше финансиран од „Нансен дијалог центар“ од Норвешка, но истиот во ова училиште заврши во 2015 година