Browsing: Охридско лето

Улогите во претставата ги толкуваат Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски. Почетокот на претставата е во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, со забелешка дека претставата не е препорачлива за лица помлади од 16 години

Во текот на наредните 28 фестивалски денови, на отворените сцени на Античкиот театар, Долни Сарај, предворјето на „Света Софија“, како и самата црква ќе има околу 300 уметници од 19 земји, како и голем број домашни уметници. Драмската програма започнува утре со изведбата на претставата „Сестрите Прозорови“ на Чехов, во изведба на Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес

„Охридско лето“ својот официјален почеток го бележи со концертот на оперската певица Ана Липша Тофовиќ на 4 август во далечната 1961 година. Манифестацијата од година во година се развива по нагорна линија, прераснувајќи во пример како треба да се организира, одржува и негува еден фестивал. Од 1994 година е редовен член на Европската асоцијација на фестивали, асоцијација која на последниот состанок во Лисабон го смести „Охридско лето“ меѓу трите најреномирани манифестации од таков вид на стариот континент