Статистика за период од 10 години: Повеќе наставници, помалку ученици и училишта

Во публикацијата „Северна Македонија во бројки, 2020“, што неодамна ја објави Државниот завод за статистика, во податоците за образованието во земјава е наведено дека во учебната година 2008/09 имало 94.387 средношколци, пет години подоцна (2013/2014) бројот паднал на 86.936, а намалувањето продолжило и во наредните пет години, па бројот на запишани средношколци во учебната 2018/19 изнесувал 72.123