Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Албанија бесплатни учебници за основците и дел од средношколците

0
By НОВА ТВ Balaban on August 12, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 12, 2021 13:19

Оваа учебна година се исполнува заложбата, со која сите ученици во основното образование од 1-9 одделение ќе добијат бесплатни учебници

Во новата 2021/2022 учебна година, албанската Влада, ќе обезбеди бесплатни учебници за сите ученици во основното образование, вклучително и оние од осмо и деветто одделение, кои досега не беа опфатени со оваа програма.

Министерката за образование, спорт и млади, Евис Куши, веста ја објави на социјалните мрежи, објаснувајќи дека на списокот на корисници ќе бидат и средношколци кои се во потешка социо-економска состојба.

– Оваа учебна година се исполнува заложбата, со која сите ученици во основното образование од 1-9 одделение ќе добијат бесплатни учебници. Во меѓувреме, корисници на оваа програма за поддршка на албанската Влада, опфатени се и сите ученици од посебни категории во средното образование. Станува збор за околу 280.000 ученици, од кои 16.000 се од средно образование, напиша министерката Куши на Фејсбук.

Според неа, сите ученици во прво, осмо и деветто одделение и оние кои припаѓаат на посебна категорија во прва година средно образование ќе добијат нови учебници, додека останатите ќе користат претходно користени учебници.

– Пред дистрибуцијата на учебниците, беше направена процена колку проценти се оштетени веќе користените учебници во минатата учебна година за да бидат заменети со нови, додава Куши.

Посочува дека новата учебна година ќе започне на 13 септември, но за да ги пополнат празнините предизвикани од учењето во услови на пандемија, учениците ќе имаат можност да го надополнат пропуштеното во период од две недели пред почетокот на учебната година.

Албанија бесплатни Основци учебници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.