Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Премиерлига
„Граѓаните“ се намачија на гостувањето на „Виталити“, но на крајот, сепак, успеаја до трите бода против Борнмут (2:1) со погодокот на Рахим Стерлинг во седмата минута од судиското надополнување. Домашните поведоа со прекрасниот погодок на Чарли Дениелс во 13 минута, осум минути по него израмни Габриел Хезус по асистенција на Давид Силва.
Лондонските „сини“ славеа со 2:1 со головите на шпанскиот интернационалец од кои првиот дојде од слободен удар што го изведе „а ла“ Дејвид Бекам во 24 минута, вториот го постигна по асистенција на Педро во 88. Единствениот за „спарси“ беше автогол на Миши Бачуаи по три минути од влегувањето во игра на местото на Алваро Мората
Голот на поранешниот член на ПСЖ и на Реал Мадрид во 47 минута беше доволен за конечен триумф на екипата на Марк Хјуз, но и како казна за Арсен Венгер кој продолжи со експерименти во составот. Прва радост и за Ливерпул во новата сезона по минималните 1:0 против Кристал палас на „Енфилд“
Баји, Лукаку, Погба и Марсијал беа стрелци на головите за „казнената експедиција“ на Жозе Мурињо на „Либерти“ стадионот во Кардиф за одличен вовед во новата сезона
Барнли ги однесе трите бода за Ланкашир по големиот триумф со 3:2 како најава за трнливиот пат што ќе мора да го мине составот на Антонио Конте за останување на тронот. Руни го одбележа враќањето во Евертон со гол против Стоук, Вотфорд ремизира со Ливерпул (3:3) во судиското екстра време
„Топчиите“ на крајот славеа со 4:3 во меч во кој поведоа, па двапати заостануваа за еден гол (1:2, 2:3) за бодовите, сепак, да останат на „Емирати“ благодарение на играчите од клупата на Арсен Венгер
Сумата што ќе легне на сметка на лондонските „сини“ доаѓа од наградниот фонд за елитното фудбалско натпреварување во Англија и од ТВ правата и за две третини е поголема од онаа на Лестер за историскиот успех на клубот од „Кинг Пауер“ стадионот во минатата сезона
„Сините“ на својот „Стемфорд бриџ“ славеа со 4:3 против расположениот Вотфорд на Валтер Мацари во заостанатиот натпревар од 28 коло. Шампионската прослава е закажана за недела по средбата по формалните 90 минути против отпишаниот Сандеренд
Толку, наводно, загубил капитенот на Манчестер Ј. пред гостувањето кај „спарси“ во Премиерлигата, но тешко дека хазардерскиот излет ќе се одрази негативно врз неговиот семеен буџет од причина што неделно заработува 310.000 евра на „Олд трафорд“. Не се одрази ниту врз играта со оглед дека го постигна единствениот гол за „црвените ѓаволи“ во поразот со 2:1 на „Вајт Харт Лејн“
Аргентинецот важи за легенда во новата ерата на „граѓаните“, а според англиските медиуми веќе има неколку понуди за продолжување на кариерата на Островот. Најконкретен, како што пишуваат, е Вест Хем
Тимот од „Вајт Харт Лејн“ го совлада „топчиите“ со 2:0 и за првпат по 22 години ќе заврши пред градскиот ривал на табелата на крај на сезоната
„Црно-белите“ од „Сент Џејмс парк“ експресно се враќаат во англиската фудбалска елита по само една сезона мината во Чемпионшип. Шпанскиот менаџер задоволен од фонд за трансфери што ќе го има на располагање