Рафаел Бенитез по третпат во менаџерската кариера успеа да промовира екипа во повисок ранг. По Екстремадура и Тенерифе во Шпанија успеа и со Њукасл во Англија. „Црно-белите“ од „Сент Џејмс парк“ експресно се враќаат во Премиерлигата по само една сезона мината во Чемпионшип.

Пред шпанските медиуми тој изрази задоволство од постигнатата цел, но и од буџетот со кој ќе располага за освежување на екипата во летниот преоден рок.

„Ќе мора да направиме некои корекции во тимот. Премиерлигата е поинаква од Чемпионшип. Затоа ќе имаме околу 70 милиони фунти за трансфери“, истакна Бенитез.