Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Примера
„Кралевите“ ја совладаа Гранада со 4:2, а „Сантијаго Бернабеу“, конечно, дочека да поздрави погодок на Белгиецот, но и еврогол на хрватскиот репрезентативец
Жуниор Винисиус во 36. минута и Родриго во 72. минута погодија за составот на Зинедин Зидан кој потврди дека излезе без траги по убедливиот пораз од ПСЖ во Лигата на шампиони
Каталонците славеа со 5:2 во второто коло во Примера, мечот од ложата на „Камп Ноу“ го следеа Лионел Меси и Луис Суарез во друштво на нивните синови
Клубот од предградието на Валенсија го обезбеди опстанокот на коло до крај на шпанското фудбалско првенство по денешниот гостински триумф над Џирона со 2:1. И тоа на крилја на македонскиот репрезентативец кој ги одигра сите 90 минути и негово дело беше победоносниот во 86. минута по асистенција на Хозе Кампања
Македонскиот репрезентативец беше стартер и одигра цел меч за домашните кои постигнаа по два гола во полувреме и на крајот заслужено прокнижија големи три бода за бегство од опасната зона на табелата
„Кралевите“ триумфираа со 2:0 со погодоците на Иско и на Герет Бејл во второто полувреме, со идентичен резултат и тимот од „Сан Мамеш“ освои три бода против замаената, по елиминацијата во ЛШ, чета на фудбалери на Диего Симеоне
Домашните најпрво промашија пенал, а до водството во 29 минута двапати ја тресеа мрежата на Тибо Куртоа од офсајд позиции. „Кралевите“ израмнија до паузата и со уште три гола во продолжение да стават печат на 16 победа во сезоната во Примера. Двапати погоди Бензема, по еднаш Варан и Модриќ
Претпоследниот тим на табелата славеше со 2:1 во последниот меч на 17. рунда за големи три бода во борбата за опстанок во најквалитетното шпанско фудбалско друштво
Севилја го нокаутира европскиот шампион со 3:0 за пола час игра, Легањес, пак, ги шокира Каталонците со 2:1 со пресврт во само две минути во второто полувреме
„Кралскиот“ клуб славеше со 2:0 со головите на Дани Карвахал во 20. минута и на Герет Бејл во 50. минута по асистенција на Марко Асенсио
Вечерашниот гол беше седми на македонскиот репрезентативец во дебитантската сезона во Примера. Претходно постигна два на „Сан Мамеш“ против Атлетик и по еден во дуелите со Еибар, со Реал Сосиедад, со Валенсија и со Депортиво ла Коруња
Каталонците славеа на гостувањето над Депортиво ла Коруња со 4:2 во претпоследниот меч од 35 коло за осигурување на двојна круна во домашната сцена во оваа сезона. Тимот од „Риазор“ и дефинитивно се сели во понизок ранг за сезоната 2018/19, судбина со која претходно се помирија и екипите на Лас Палмас и на Малага