Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Примера: Два поништени гола и водство на Валјадолид, па пресврт на Реал М.

0
By Нова ТВ on March 11, 2019 СПОРТ
Фото: rtve.es
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 11, 2019 00:18

Два поништени гола, промашен пенал, но и водство за убедлив пораз на домашната екипа на крајот. Валјадолид загуби од Реал Мадрид со убедливи 1:4 во последниот меч од 27. рунда во шпанска Примера во кој имаше еден куп интересни моменти.

Во 12. минута Рубен Алкараз беше непрецизен од белата точка, во 14. минута и во 19. минута главниот судија ги поништи головите на Серџо Гвардиола поради недозволена позиција меѓутоа публиката на стадионот „Хозе Зорилја“, сепак, дочека да прослави регуларен гол на своите миленици. Го постигна Ануар Мохамед Туами во 29. минута, но радоста траеше кратко.

Пет минути подоцна „кралевите“, преку Рафаел Варан, израмнија на 1:1, резултат со кој се замина на одмор. Продолжението, пак, донесе еднонасочна фудбалска претстава благодарение на двата брзи погодоци на Карим Бензема, најпрво од пенал во 51. минута, а потоа и од игра во 59. минута по асистенција на Тони Крос.

Гостите од „Сантијаго Бернабеу“ во завршницата останаа со фудбалер помалку. Каземиро беше исклучен, откако доби втор жолт картон за задржување на игра меѓутоа Реал Мадрид до крајот успеа и по четврти пат да ја затресе противничката мрежа и да покаже дека може да ги остави проблемите настрана и да се фокусира на обврските на терен. Печат на трите бода стави Лука Модриќ во 85. минута.

Барселона ја задржа предноста од 12 бода на табелата во однос на третопласираниот Реал. Каталонците имаат 63, „кралевите“ – 51, а меѓу вечните фудбалски ривали на Пиринеите е Атлетико Мадрид со 56 бода.

Примера, 27 коло

Валјадолид – Реал Мадрид 1:4

Севилја – Реал Сосиедад 5:2

Леванте – Вилјареал 0:2

Џирона – Валенсија 2:3

Селта – Бетис 0:1

Хетафе – Уеска 2:1

Барселона – Рајо Валјекано 3:1

Атлетико Мадрид – Легањес 1:0

Алавес – Еибар 1:1

Атлетик Билбао – Еспањол 1:1

Табела: Барселона 63, Атлетико Мадрид 56, Реал Мадрид 51, Хетафе 45, Алавес 41, Севилја 40, Валенсија 39, Бетис 39, Реал Сосиедад 35, Еибар 35, Еспањол 34, Атлетик Билбао 34, Легањес 33, Џирона 31, Леванте 30, Валјадолид 26, Вилјареал 26, Селта 25, Рајо Валјекано 23, Уеска 22.

Валјадолид ВАР систем Примера Реал Мадрид фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.