Browsing: проширување

Комплексноста на ситуацијата во Западен Балкан го илустрира однесувањето и односот на Европската Унија (ЕУ) кон регионот. Официјално, постои постојана „поддршка“ и „загриженост“ на лидерите на ЕУ кон Западен Балкан, додека всушност ЕУ го оддалечува регионот од членство во ЕУ. Да биде парадоксот уште поголем, додека лидерите на ЕУ честопати изразуваат поддршка за Западен Балкан и нејзиниот евроатлантски пат, изразувајќи загриженост за влијанието на одредени земји во регионот, пред се Русија, Кина и Турција, со својата политика за (не)проширување, ЕУ всушност го турка Западен Балкан во „прегратка“ на Русија, а во исто време ги обвинува истите земји за блиски врски и соработка со Москва, Пекинг или Анкара, се потенцира во анализата на Меѓународниот Институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана

Ги споделувам вашите напори да постигнете единство на самитот во Загреб во мај и тој да биде успешен за Европа, изјави францускиот претседател по средбата со хрватскиот премиер Пленковиќ во Париз

Хрватскиот европратеник, кој е именуван за известувач за Црна Гора во Европскиот парламент, но ќе раководи и со работна група за цел Западен Балкан, верува дека е можно деблокирање на работите во регионот и прашањето за проширување на Унијата да се направи еден од приоритетите