Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Дневни Аваз“: Норвешки модел или поправен испит за влез во ЕУ

0
By Нова ТВ on November 2, 2019 СВЕТ
Фото: livemint.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 2, 2019 08:57

Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ) објави документ во кој се сугерира дека приближувањето на балканските земји кон ЕУ треба да биде по модел на Норвешка. Тоа значи дека земјите од регионот би имале поголеми економски привилегии за напредок со реформите, додека формалното влегување во ЕУ ќе биде нешто на што ќе се чека. Според ЕСИ, ова, сепак, е подобар пат од сегашниот.

Сараевски „Дневни Аваз“ по тој повод пишува дека ЕУ разгледува нов пристап за прием на државите од регионот, така што би биле враќани на „поправен“. Весникот пишува дека ЕУ се повеќе ја разгледува можноста секоја од земјите од регионот што се стремат кон ЕУ да биде вратена еден или повеќе чекори назад во процесот.

Праксата на „буткање“ или враќање еден или повеќе чекори назад би се применувала за секоја земја во регионот, што не задоволува во некој од реформските сегменти. И така, се наведува, ќе се работи се додека „не се совлада материјалот“.

Весникот пишува дека овој концепт го „туркаат“ група држави собрани околу Франција, додавајќи дека „тие со право укажуваат дека процесот за проширување, спроведен досега, е во целосен ќорсокак“. По уште едно одбивање на Северна Македонија и Албанија, се интензивираа дискусиите во рамки на институциите на ЕУ, но и меѓу земјите-членки, пишува „Аваз“.

Унијата, од една страна, не сака да мине на натамошно проширување затоа што, според весникот, сè уште ги „мами“ земјите што се придружија пред десетина и повеќе години. На пример, Романија, која влезе во ЕУ во 2007 година, дури и сега е под посебен режим на ЕУ, бидејќи нејзините ефекти во борбата против корупцијата се катастрофални.

Од друга страна, велат, Балканот е важен и не треба да се остава целосно на цедило. Мора да се најде некој вид компромис и конструктивен начин за излез од сегашната блокада на процесот на проширување, пишува, додавајќи дека, според сегашното расположение, мај следната година би можел да биде најреалниот момент за објавување нова стратегија за Западен Балкан.

За тогаш е планирана нова расправа за регионот на Советот на Европа, тело што ги собира шефовите на држави или владите на земјите-членки на ЕУ. Потоа, Хрватска, која ќе го преземе претседателството со Унијата од 1 јануари, ќе организира нов самит ЕУ-Западен Балкан.

Повикувајќи се на дипломатски извори, „Аваз“ пишува дека ЕУ е свесна дека процесот на проширување треба да се задржи, но и да се освежи. Прашањето е само на кој начин.

ЕУ Западен Балкан Модел Норвешка проширување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.