Browsing: Протоколи

Одбележувањето на големиот државен празник 2 август – Денот на Републиката, Илинден годинава мина во услови на здравствени протоколи поради заштита од ширење на пандемијата од Ковид-19 и без традиционалните културно-уметнички програми и масовни народни собири. Од државниот врв, како и од политичките партии, пораки за реафирмација на вредностите на Илинден во 1903 година и од АСНОМ во 1944 година

Претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе се обрати од Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, премиерот Оливер Спасовски ќе ја предводи владината делегација на скопско Кале, а потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски ќе одржи говор на Мечкин Камен во Крушево на Денот на Република на кој оваа година се одбележуваат 117 години од Илинденското востание и 76 години од првото Заседание на АСНОМ

Објавени се Протоколот за работа на музеи, галерии и изложбени простори, Протоколот за спроведување на мерки за заштита од КОВИД-19 при организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани

Оние што планираат да патуваат, се обврзани да бидат на аеродромите на три часа до летот, забрането е влегување во аеродромската зграда на роднини на патниците, а ограничено ќе биде и користењето на чекалницните. Авио-компаниите нема да воведат рестрикции на летовите, како што се споменуваше претходно за средното седиште во авионот да биде празно

Владеачката СДСМ излезе со став дека нема да организира големи настани и митинзи, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, најавува кампања комплетно поинаква од оние што биле организирани досега. Позитивна, фер и демократска кампања, најавија и од ДУИ