Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двата аеродрома од утре во функција: Првиот лет од Скопје за Бремен

0
By Нова ТВ on June 30, 2020 ВЕСТИ
Фото: balkanengineer.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 30, 2020 13:34

Меѓународниот аеродром во Скопје и аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид од утре повторно ќе бидат ставени во функција. За 6 часот наутро од главниот град ќе полета авион на „Визер“ за Бремен, а три часа подоцна се очекување да слета и авион на „Туркиш Ерлајнс“ од Истанбул. Првите авиони од Охрид се најавени за четврток.

Патниците, согласно донесените Протоколи за заштита од Ковид-19, ќе минуваат низ строги контроли. Оние што планираат да патуваат, се обврзани да бидат на аеродромите на три часа до летот, забрането е влегување во аеродромската зграда на роднини на патниците, а ограничено ќе биде и користењето на чекалницните.

Дезинфекција на рацете ќе биде задолжителна при влез во аеродромот по што ќе следува и мерење на телесна температура со термална камера. Оние кои ќе бидат сомнителни на медицинските тимови, ќе бидат спроведени во просторија за изолација. Заштитната маска на лице ќе биде задолжителна за време на целиот престој во внатрешноста на објектот.

Авио-компаниите нема да воведат рестрикции на летовите, како што се споменуваше претходно за средното седиште во авионот да биде празно.

„Тоа не е одржливо, бидејќи ќе ги зголеми трошоците, а со тоа и цената на билетите. Од таа причина, авио-компаниите нема да одат со таква забрана, па сиот капацитет на авионите ќе биде ставен на располагање. Од патниците ќе биде побарано да ги носат маските со хепа филтри што блокираат 99,5 отсто од вирусите и бактериите“, порача генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Алпер Ерсој.

Македонија во петокот ги отвори своите копнени граници и дозволи влез во земјата за сите без ПЦР тест. Но, македонските државјани засега може да патуваат без задолжителен тест и карантин само во Србија, во Албанија, во Турција и на Косово.

Аеродроми Ковид-19 Отворање Охрид Протоколи Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.