Browsing: Ракомет (ж)

Во возбудливо финале во Кумамото, Холанѓанките ја совладаа Шпанија со 30:29 (полувреме 16:13) и за првпат во историјата освоија мундијалскио злато. Бронзениот медал го освои Русија чии ракометарки во „малото“ финале ја поразија Норвешка со 33:28

Домашната селекција славеше со 35:26 во првото коло во групата 5. „Црвено-жолтите“ девојки во сабота во Скопје (СЦ „Борис Трајковски“, 18 ч.) ја пречекуваат репрезентацијата на Чешка

Мечевите на женскиот ракометен мундијал ќе почнат на 29 ноември, ќе траат до 16 декември и ќе се играат во пет сали во Кумамото, Јапонија. Французинките ќе се обидат да ја одбранат титулата од СП 2017 во Германија каде во финалето ја совладаа Норвешка со 23:21. Освен победникот на турнирот, на Олимписките игри во Токио ќе се пласираат и репрезентациите од второто до седмото место на СП 2019

„Триколорките“ во финалето на турнирот што се играше во нивната земја ја совладаа Русија со 24:21 (полувреме 13:12) и за првпат во историјата се закитија со континентално злато за обединување на најважните титули во светскиот ракомет со оглед дека лани го освоија и мундијалот во Германија по триумфот над Норвешка (23:21)

По синоќешниот триумф над Азербејџан со 41:22, избраничките на селекторот Симе Симовски вечерва го совладаа и Исланд со 29:21. Утревечер од 20 часот против Турција за заверка на првото место на турнирот во Скопје

Французинките на стартот беа непријатно изненадени од олимпискиот шампион со 23:26 благодарение на одлилната игра во одбрана и ефикасниот напад што го предводеа Дарија Дмитриева и Дарија Самохина

Репрезентативката на Србија доби најмногу гласови за позицијата кружен напаѓач во изборот во кој учествуваа илјадници фанови и спортски новинари од 12 земји. Меѓу номинираните по позиции и Александра Лакрабер, Амандин Лејно, Андреа Пенезиќ и Ирина Дибирова