Женската ракометна репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа во квалификациите за бараж за Светското првенство во 2019 година.

По синоќешниот триумф над Азербејџан со 41:22, избраничките на селекторот Симе Симовски вечерва го совладаа и Исланд со 29:21.

По две кола на турнирот во Скопје, Македонија е лидер во групата со четири бода, Исланд има два, Турција и Азербејџан се без бодови и натпревар помалку.

Во последното коло утре од 20 часот Македонија ќе игра со Турција.