Browsing: ратификација

Стејт департментот ќе ги извести сојузниците, а потоа од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе добиеме писмо и ние да го депонираме инструментот за ратификација. Откако Република  Северна Македонија ќе го стори тоа и официјално ќе стане 30 земја-членка на НАТО.

Македонскиот претседател од собраниската говорница рече дека кога и формално ќе станеме 30. членка на НАТО, во годината на 70. роденден на Алијансата, нашата одговорност се зголемува, а реформите не запираат и нагласи дека членството во Алијансата немаше да биде возможно без длабоките политички промени што се случија во изминатите години во нашата држава

Документот ќе биде со одложено дејство и ќе стапи на сила, откако ќе биде ратификуван и од шпанскиот Сенат, како последен чекор за и официјално земјава да стане 30 членка на најголемиот воено-политички сојуз во светот