Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Пендаровски: Членството во НАТО e привилегија, но и огромна одговорност

0
By Нова ТВ on February 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 11, 2020 15:47

Пристапувањето кон Северноатлантскиот сојуз не е едноставно стапување во членство во меѓународна организација. НАТО е сојуз на држави кој се заснова врз меѓусебна политичка и одбранбена солидарност и врз заеднички вредности. Членството во најмоќниот воен сојуз во светот е привилегија, но и огромна одговорност. Ова го порача претседателот на државата, Стево Пендаровски, на свечената седница за ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО.

„Уште од нашето пристапување кон Партнерството за мир во 1995 година, ние се обврзавме активно да придонесуваме кон одржување на меѓународниот мир и стабилност, особено во борбата против меѓународниот тероризам како најголема безбедносна закана во современиот глобализиран свет. Нашата посветеност кон оваа задача и нашата солидарност со сојузниците во НАТО ја докажавме преку активното учество во повеќе мисии на алијансата во различни региони во светот во изминатите години“, порача претседателот на државата од собраниската говорница.

Напомена дека сега кога и формално ќе станеме 30. членка на НАТО, во годината на 70. роденден на Алијансата, нашата одговорност се зголемува, а реформите не запираат.

„Како полноправна членка, пред нас е одговорноста за спроведување на одлуките на Алијансата во чиешто донесување ќе имаме еднаков глас со останатите сојузници. Во оваа прилика, како врховен командант на нашата Армија, лично се обврзувам дека ќе продолжиме со реформите во одбраната, а пред се во модернизацијата на опремата на Армијата, подигнување на подготвеноста на нашите старешини и војници и зајакнување на нејзините капацитети да ги препознава и да се справува со безбедносните ризици. Во таа насока, ќе продолжам да инсистирам и да работам на зголемување на буџетот за одбраната до, најмалку 2 отсто од нашиот бруто домашен производ“, потенцира Пендаровски.

https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/199802297831061

Пендаровски нагласи дека членството во НАТО немаше да биде возможно без длабоките политички промени што се случија во изминатите години во нашата држава.

„Новата политика кон соседите и цврстата заложба за решавање на споровите и градење на добрососедски односи, се темелот на нашиот успех во остварување на стратешките цели. Компромисите што ги направивме не беа ниту едноставни, ниту лесни. Но, договорот за решавањето на спорот со името и стратешко партнерство со соседна Грција, познат како Преспански договор и договорот за добрососедство и соработка со Бугарија, се клучните одлуки што нè донесоа до целта во однос на членството во НАТО. Нивното доследно спроведување и спроведување е единствениот пат кон зајакнувањето на нашето стратешко партнерство, сега, како држави сојузнички во НАТО, но и останатите субјекти во пошироката меѓународна заедница“, рече истакна македонскиот претседател.

Тој се наврати 27 години наназад, во декември 1993 година, кога првиот парламентарен состав во независна, суверена и демократска Македонија донесе стратешка одлука за членство на државата во НАТО.

„Нивната визионерска и храбра одлука стана наша стратешка државна ориентација низ децениите и премрежјата низ кои поминувавме. Се менуваа составите на парламентот, се менуваа влади, поминавме низ воен конфликт, поминавме низ тешка политичка криза, но нашите стратешки ориентации за членство во НАТО и членство во Европската Унија останаа наш најважен национален приоритет“, додаде шефот на државата и изрази посебна благодарност до сите генерални секретари на Алијансата.

На седницата свои обраќања ќе имаат и претседателот на Парламентот Талат Џафери, техничкиот премиер Оливер Спасовски, како и координаторите на пратеничките групи на СДСМ, Јован Митрески, лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска Старова, пратениците на „Алијанса на Албанците“, Сурја Рашиди на „Алтернатива“ Африм Гаши, на „Беса“, Фадил Зендели и на ДПА, Мерал Ферати. По гласањето пред пратениците и присутните ќе се обрати и претседателот на ПС-НАТО, Атила Местерхази.

На седницата поканети да присуствуваат се и поранешни претседатели, премиери, лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и претстатвници на јавниот живот и дипломатскиот кор, меѓу кои и амбасадори од земји членки на НАТО.

НАТО обраќање Протокол ратификација Собрание Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.