Browsing: Реал Мадрид

Финалето меѓу бранителот на трофејот од Шпанија и италијанскиот првак кого го нарекуваат „дежурен губитник“ поради четирите порази во мечевите за титулата е вечерва (20,45 ч.) на стадионот „Милениум“ во Кардиф

Одлуката ја донесе Фудбалската асоцијација на Велс (ФАВ) од сигурносни причини и во координација со безбедносните власти по самоубиствениот бомбашки напад во понеделникот во Манчестер пришто загинаа 22 лица

Францускиот репрезентативец за кого е заинтересирана пола Европа дава предност на италијанскиот првак во мечот за титулата на 3 јуни во Кардиф. Неговиот Атлетико во полуфиналето беше елиминиран од Реал Мадрид

Атлетико вечерва славеше на „Висенте Калдерон“ со 2:1, но „кралскиот“ клуб ќе истрча на „Милениум“ во Кардиф на 3 јуни на мегдан со италијанскиот првак благодарение на убедливиот триумф со 3:0 на првата средба

Реал Мадрид триумфира со 3:0 во првиот полуфинален дуел со „јорганџиите“ и на праг е на ново финале во елитното клупско натпреварување на УЕФА. Португалецот погоди во 10 минута, во 73. и во 86. за огромна предност на „кралевите“ пред реваншот на „Висенте Калдерон“