Browsing: Роџер Федерер

Традиционалната шкотска народна носија за мажи Федерер ја доби од една госпоѓа од трибините за време на хуманитарниот меч во Глазгов и без многу убедување ја стави на себе во гемот на сопствен сервис што наиде на воодушевување кај гледачите

Швајцарецот во финалето славеше над Хуан Мартин дел Потро со 6:7, 6:4, 6:3 за 95 титула во кариерата и избивање на второто место на вечната листа во опен ерата. Пред него е само легендарниот Џими Конорс со 109 турнирски победи

Швајцарецот во финалето беше убедлив против големиот ривал Рафаел Надал и славеше со 6:4, 6:3 со што ја прекина низата од 16 победи на Шпанецот и се израмни на вечната листа со легендарниот Иван Лендл

Шпанскиот ас, моментно водечки на АТП листата, за 63 минути го „реши“ Фабио Фоњини со 6:3, 6:1 за 14 триумф во низа и нареден дуел против Бугаринот Григор Димитров. Швајцарецот, пак, остана 60 минути на централниот терен во Шангај колку што му требаа за елиминација на Александар Долгополов од Украина со 6:4, 6:2

Нецели 48 часа по триумфот против Франсис Тифо, Швајцарецот „преживеа“ уште еден маратон во Њујорк и со 6:1, 6:7, 4:6, 6:4, 6:2 го совлада Михаил Јужњи од Русија. Второто коло на американскиот гренслем оваа година беше максимум за Григор Димитров и за Томаж Бердих

Сопственикот на 19 гренслем титули мораше добро да се намачи и испоти против 19 годишното момче од Мериленд да не дозволи сензација и на машкиот дел од турнирот. И не дозволи. Конечни 4:6, 6:2, 6:1, 1:6, 6:4 за Швајцарецот кој беше непрепознатлив во првиот настап во Њујорк

Швајцарецот вчера попладне ја освои рекордната осма титула во Лондон по победата во финалето против Марин Чилиќ и реши да остане со „спуштена рачна“ на прославата. Затоа утрово, како што самиот кажа, се разбудил со силна главоболка по освојувањето на 19. гренслем турнир во кариерата