Browsing: систем

Почетното воспоставување на регистарот би значело доставување на податоците со кои располагаат банките, штедилниците, Управата за јавни приходи, Агенцијата за управување со одземен имот и други финансиски субјекти. Од Катастарот велат дека работна група ги подготвува подзаконските акти и се очекува следниот месец да биде готов потребниот Правилник за начинот на водење, формата и содржината на Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба

Не, Груевски очигледно не е свесен дека во Тодоров всушност пукал системот што го создаде тој и неговата партија. Здравствениот и судскиот систем управувани од долгата рака на неговата партија побудија одмазда кај дедото на Тамара. И куршумот испука, не само во Тодоров , туку во сите нас

Во тој исцрпувачки пат по ходниците и лавиринтите згаснуваат многу животи. И никој не одговара за тоа. И доколку тужите, на кого ќе гласи тужбата? На име на здравствениот систем, на тој гломазен апарат каде што се инволвирани сите, а никој не чувствува одговорност?

Очуваме според она што не известија од УБК дека тие во текот на денот ќе се вратат во државата, по што се надеваме дека што ќе се пристапи кон извршување на наредбата, соопштија на прес конференција од СЈО