Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На едно место до сиот недвижен имот: Регистар за продажба на преземени недвижности

0
By Нова ТВ on September 1, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 1, 2019 09:56

На едно место до точна информација за сиот недвижен имот што е на продажба за секој заинтересиран инвеститор и купувач. Ова треба да се постигне со новиот регистар на преземени недвижности наменети за продажба што се очекува да профункционира до крај на годинава во рамки на е-Кат системот на Агенцијата за катастар на недвижности.

Формирањето на овој регистар е поврзано со Регистарот на цени и закупнини и Графичкиот регистар за улици и куќни броеви, како дел од геодетско-катастарскиот информациски систем. Податоците за недвижностите од регистарот на преземени недвижности наменети за продажба ќе бидат предмет на обработка во Регистарот на цени и закупнини.

Почетното воспоставување на регистарот би значело доставување на податоците со кои располагаат банките, штедилниците, Управата за јавни приходи, Агенцијата за управување со одземен имот и други финансиски субјекти.

Подзаконски акти и техничко решение за новиот регистар

Предуслов за воспоставување на Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба беа измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности донесени во јуни годинава.

Од Катастарот велат дека работна група ги подготвува подзаконските акти и се очекува следниот месец да биде готов потребниот Правилник за начинот на водење, формата и содржината на Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба.

„Во правилникот е детално пропишана формата и содржината на Регистарот, потоа податоците за недвижностите што ќе се внесуваат во Регистарот, начинот на внесување и проверка на внесените податоци, како и обврската за Агенцијата за катастар на недвижности преку веб страницата да овозможи пристап до податоците од Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба. Регистарот ќе содржи просторни и описни податоци за недвижности преземени во постапка при наплата на побарувања или по други основи, наменети за продажба, како и податоци за субјектот кој ги преземал недвижностите како Агенција за управување со одземен имот, Управата за јавни приходи, банки и други“, велат од Агенцијата за катастар на недвижности.

Паралелно со правната норматива, како што појаснуваат, се работи и на техничкото решение за воспоставување на регистарот, кое вклучува дефинирање на структурата на записите и нивно поврзување со податоците на катастарот на недвижности. Согласно најави, се планира, до крај на оваа година, да биде воспоставен Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба.

Прелиминарен модел за вреднување станови

Според Годишната програма за работа на Катастарот, во делот на воспоставување модели за масовна проценка на недвижности, е предвидено да се изработи и прелиминарен модел за вреднување на станови што ќе биде тестиран во една урбана општина. До крајот на годинава се очекува да се добијат првите вредности на становите во одредена општена.

Катастарот ќе ги издава податоците од Регистарот на цени и закупнини на овластените проценители и на други заинтерсирани лица со соодветен надомест. За да се реализира тоа потребна е надградба на е-Кат системот во делот на Регистарот на цени и закупнини, статистика за анализа на пазарот на недвижности, зонирање и моделирање.

Земјоделското земјиште и становите со најголем удел на пазарот за продажба на недвижности 

Во првиот квартал годинава на територијата на државава се регистрирани вкупно 4.345 продажби, од кои 3.506 на стари недвижности, 687 се продажби на новоградби, односно прва продажба на недвижноста, 147 се откупи од државата, а имало и пет продажби на недвижности по пат на лицитација, покажува последниот Извештај на Регистарот на цени и закупнини, каде од 2015 година стојат на располагање информации поврзани со трансакциите на недвижниот имот.

Доколку се разгледа продажбата на недвижностите по типови на продажба, може да се забележи дека најголем број продажби отапаѓаат на продажба на земјоделското земјиште, односно 35 проценти. Споредено со четвртиот квартал лани, во првиот квартал од годинава има зголемување на продажба на земјоделското земјиште за два процента.

Ако во последниот квартал лани, становите опфаќале 36 проценти од вкупниот број продажби, во првите три месеци од годинава нивното учество во пазарот на недвижности е намалено за два процента  и опфаќаат 24 проценти. Градежното земјиште во првиот квартал учествува со 15 проценти на пазарот на недвижности, учеството на куќите изнесува осум проценти, на деловните простори пет проценти, останатите недвижности два процента, додека индустријата опфаќа еден процент од пазарот на недвижности. Најголем дел од пазарот заземаат земјоделското земјиште и становите кои заедно сочинуваат 69 проценти од пазарот за продажба на недвижности.

Најмногу продадени станови има во општина Аеродром, односно во овој период се продадени 268 станови, додека пак најголем број продадени куќи (28) има на територијата на општина Велес. Центар е општината со најголем број продажби на деловни простори, односно 36, Чешиново Облешево преднични во продажба на земјоделско земјиште со 108 такви продажби, а Прилеп со 48 продажби на градежно земјиште.

катастар Недвижности продажба систем
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.