Browsing: Скопје

Вредниот експонат, што за првпат ја напушти матичната поставка во Народниот музеј во Белград, е еден од 400. вредни артефакти на изложбата во Археолошкиот музеј во Скопје во рамки на одбележувањето на 100 години од откривање на некрополата кај охридско Требениште

Од Град Скопје информираа дека екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ ќе поставуваат портални семафори за знаци со променлива содржина. Градежните работи ќе се изведуваат од 7:30 до 12:30 часот поради што сообраќајот ќе се одвива со кратки прекини

Најголемиот број на контејнери биле запалени на булеварот „Партизански одреди“ во општината Карпош. На улицата „Јане Лукроски“ во општина Гази Баба е запален еден специјален контејнер-ѕвоно наменет за селекција на стакло

Од аеродромот „Скопје“ попладнево се пренасочени три лета. Едниот авион кој од Цирих требаше да слета во Скопје е пренасочен кон аеродромот во Приштина, а другиот од Варшава е пренасочен кон Отопени. Кон Приштина бил пренасочен и летот на Визер од Меминген. Откажан е и лет од Истанбул, кој бил закажан за 19:45 часот

Утрешната ревија меѓу ветераните на Црвена звезда и македонските легенди е по повод патрониот празник на Град Скопје (13 ноември). Мечот е закажан за 13 часот на помошното игралиште на Работнички во Градски парк и идеја е на бизнисменот Трифун Костовски

Денешната трка низ улиците на македонската престолнина се одржува втора година по ред и овојпат беа пријавени над 1.500 учесници, односно двојно повеќе од лани, кои трчаа под мотото „Секој километар значи“. Трката имаше хуманитарен карактер за поддршка на „СОС Детско село“