Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест: ВМРО-ДПМНЕ го анимира членството со „Станете Македонци“

0
By Нова ТВ on June 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 2, 2018 18:16

Македонската престолнина вечерва ќе обедини граѓани од многу градови и населени места од внатрешноста. Нивна крајна станица ќе биде Илинденска ББ, повод е протестот на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ против политиките на актуелната владејачка гарнитура и пред се тековните преговори за промена името со Грција. Свое обраќање пред присутните ќе новиот лидер на партијата Христијан Мицковски, а меѓу масата се очекува да биде неговиот претходник Никола Груевски и многумина поранешни и сегашни функционери во органите и телата на партијата.

Социјалните мрежи се веќе преплавени со автомобили и автобуси како се движат кон Скопје. Се најавува масовно присуство во центарот на главниот град, а Унијата за млади сили на најголемата опозициска партија од Тетово се обидува да го анимира членството и со слоганот „Станете Македонци“. Покрај тетовци, на пат кон Скопје (организирано или во сопствена режија) во моментот се и граѓани од Охрид, Ресен, Вевчани, Кочани, Македонска Каменица и од останатите градови.

Вечерашниот настан пред објектот на Владата наложува и посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека булеварот „Илинден“ ќе биде затворен во двата правца, а од 20 часот истото ќе важи и за мостот „Гоце Делчев“ со пренасочување на сообраќајот по околните улици. Возилата на јавниот сообраќаен превоз (ЈСП) ќе може непречено да се движат по улицата „Димитрија Чуповски“ шѓто минува низ „Рекорд“.

Претходно во текот на денот, премиерот на Македонија, Зоран Заев од Штип порача дека нема ништо против вечерашниот опозициски протест и порача дека внимателно ќе ги слушне пораките што ќе бидат испорачани од него.

Влада ВМРО-ДПМНЕ Македонија протест Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.