Browsing: Собрание

На попладневното продолжение на конститутивната седница на законодавниот дом, тој беше реизбран со 62 гласа „за“, 43 „против и ниту еден „воздржан“. Во гласањето не учествуваа пратениците од коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива

Неговата ќерка Бесиана, како што и самиот напиша на Фејсбук, се породи и на свет го донесе малиот Фрашер што е причина за одложување на најавеното продолжение на конститутивната седница на Собранието за избор на претседател

Шефот на државата, како што соопштуваат од неговиот кабинет се консултирал со еминентни експерти, при што заклучил дека Собранието е конституирано на 4 август и оти оттогаш течат уставните рокови за доделување на мандатот. Реакцијата се однесува на ставовите кои ги изнесе досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кој за ТВ 21 рече дека доколку претседателот Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор би бил противуставен

По предвремените парламентарни избори на 15 јуни, новиот собраниски состав се конституира на 4 август и почна да тече 10 дневниот рок за формирање на парламентарно мнозинство, по што претседателот на државата треба да го додели мандатот за формирање на Влада. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата за чиј избор треба да гласаат мнозинството на пратеници

Оној кој се стекнува со имот, не секогаш го запишува на свое име. Од новите пратеници ќе бараме да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска во интервју за „Слободен печат“

Дали тече рокот од 10 дена за доделување на мандат за состав на Владата? – Да. Мандатот на пратениците, согласно Уставот, тече од конститутивната седница. Не може пратениците да имаат мандат во неконституирано Собрание. Собранието е веќе конституирано на конститутивната седница, прецизира Дескоска која во последната Влада раководеше со министерството за правда

Подготвени сме да разговараме не само со БЕСА, туку со сите политички партии од коалицијата предводена од СДСМ“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција во однос на напорите за обезбедување на мнозинство во Собранието. Поскапувањето на струјата во време на пандемија го нарече сериозен удар врз стандардот на државата и џебот на граѓаните и таквиот чекор, според него, бил планиран пред изборите и претставува класична измама на власта

И претседателот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавуваат обиди за обезбедување на парламентарно мнозинство од 61 пратеник. Според Заев, сите опциии се отворени, порака што ја испрати и Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по денешната конститутивна седница на Собранието, истакна оти ќе се обиде да обезбеди парламентарно мнозинство што во иднина ќе поддржи, како што рече, една „вистинска реформска влада која на брза лента ќе ја однесе Македонија пред рамноправно членство во ЕУ“

Во однос на коалицирањето со други политички партии, претседателот Заев посочи дека сите опции се отворени и дека процесот на разговори ќе го даде правецот за тоа кој би се приклучил на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во постоизборна коалиција. Но, најави и укинување на министрите без ресор што беше и предизборно ветување

Артина Ќазими од коалицијата меѓу Алијанса на Албанците и Алтернатива е студентка која потекнува од гостиварски Добри Дол, додека Илија Николовски од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Стојан Миланов од коалицијата „За обнова на Македонија“ на чело со ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат највозрасните пратеници во десеттиот собраниски состав