Browsing: Собрание

Премиер во техничката Влада е Оливер Спасовски за кого функцијата во ваков период, како што рече, претставува силен предизвик и голема лична, професионална и политичка одговорност. Тој до Собранието достави програма за работа на Владата, чија основна цел е организирање фер и демократски избори.

Согласно Пржинскиот договор, се формира на 100 дена до избори, во случајот за предвремените парламентарни на 12 април. Преодната Влада се избира во Собранието со просто мнозинство. Премиер на претходната беше Емил Димитриев, на претстојната е предложен Оливер Спасовски

Од СПЦ тврдат дека со новиот Закон за слобода на вероисповед ќе им се одземе црковниот имот, од ЦПЦ, пак, сметаат дека нејзините верници се дискриминирани што не им се дозволува служење во црквите и храмовите што ги граделе нивните предци и државата Црна Гора

Владејачкото мнозинство и опозицијата постигнаа договор за усвојување на сите законски предлози од 123. собраниска седница кои се поврзани со примена од 1 јануари, изјави денеска претседателот на Собранието. Запрашан за начинот кој доведе до „примирје“ во Парламентот тој одговори – „прашајте ги Заев и Мицкоски“

И покрај обидот за блокада, во тие два часа сизифовска мака, сепак, пројде Законот за зголемување на пензиите. Очекувам зелено светло и на пленарна седница пред Нова година“, вели пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска

Буџетот за опозицијата е неразвоен и претставува предизборно купување на граѓаните, за власта, пак, е во согласност со растот на домашната економија и во насока на фискална стабилизација

Приходите во Предлог-буџетот за 2020 година се проектирани на 3,615 милиони евра што е раст за 5,6 отсто во однос на оваа година, а расходите ќе изнесуваат 3,898 милиони евра што е за пет отсто повеќе од 2019. Во фокусот на буџетот за наредната година е човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор

Одлуката за изборот на Ацевски беше донесена едногласно со 81 глас „за“. Кон крајот на 2017 година истече мандатот на Тања Таневска, а во изминативе неполни две години со ДЗР раководеше заменикот на главниот државен ревизор, Насер Адеми, но неговиот мандат во траење од 9 години, истече на 4 октомври, без да биде назначен овластен потписник

Според Мухамед Зекири, на последната седница на собраниската Комисија за избор и именување профункционирала коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Весна Дамева и Селим Адеми се очекува да бидат избрани за нови членови на Судскиот совет на денешната пленарна седница во македонскиот Парламент. Дамева доаѓа по предлог на претседателот Стево Пендаровски, Адеми, пак, е номиниран од ДУИ. Во пакет со нив на Комисијата не мина Павлина Црвенковска, предложена од СДСМ, поради нерешен исход во гласањето (6:6).

За тоа, според претседателот на Собранието, е потребно двотретинско мнозинство што го сочинуваат немнозинските пратеници, најмногу пратеници Албанци и како што нагласи кај нив нема расположение за измени и дополнувања на Законот за јазици

Потребното двотретинско мнозинство за Законот за одбрана е неизвесено поради името Република Северна Македонија што стои во текстот. На дневен ред на денешната 123-та седница на Собранието се вкупно 57 точки меѓу кои, како последна, е барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување

Неофицијално, трката за позицијата е сведена на Тања Тасевска, која долги години е во ДЗР и се смета како еден од неговите основачи, и Максим Ацевски, исто така, од ДЗР. Работата на Државниот завод за ревизија речиси е блокирана поради тоа што оваа институција нема раководно лице, речиси, две години, а мандатот на вршителот на должноста истече на 5 октомври