Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Санчез положи заклетва, македонското Собрание ќе го ратификува Протоколот за НАТО до 12 февруари

0
By Нова ТВ on January 9, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: eluniversal.com.mx
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 9, 2020 09:42

Протоколот за членство во НАТО ќе се ратификува во македонското Собрание до 12 февруари, откако шпанскиот премиер Педро Санчез положи заклетва со што се отвори пат за ратификација на Протоколот и во Сенатот за земјава да стане 30-та членка на Алијансата.

„Во овој момент нема потреба за брзање со предвремена ратификација. Владиниот предлог е во собраниска процедура и нема индиции дека е неопходно предвреме да се постапува“, нагласи Џафери.

Сите парламентарни партии се подготвени да дадат зелено светло за ратификацијата на Протоколот. Артан Груби од ДУИ вели дека Протоколот ќе биде ратификуван навреме и во наредните недели Македонија и официјално ќе се придружи на НАТО.

Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот и кандидат за амбасадор на Северна Македонија во НАТО, изјави дека по изборот на новата Влада во Мадрид постојат стабилни политички услови за ратификација на Протоколот и во шпанскиот Сенат.
„Владата го утврди текстот за ратификација на Вашингтонскиот договор и тој е пратен во Собрание. Тоа значи дека и ние сме спремни за ратификација. Јас сум 100 проценти сигурен дека ратификацијата на Вашингтонскиот договор и нашето полноправно членство ќе го заврши Собранието во овој формат, пред да се распушти, пред да се одржат изборите и ние ќе станеме полноправна членка и формално на НАТО пред да се одржат парламентарните избори“, рече Талески во гостувањето на „Утрински брифинг“.
Фото: javno.mk
Македонија, додаде тој, во последнава година учествува во Алијансата на рамна основа во сите формати за што особено го истакна состанокот на лидерите во Лондон на кој, како што истакна, премиерот Заев беше на иста маса со Доналд Трамп, со Ангела Меркел, со Емануел Макрон и сите останати лидери на земјите членки на НАТО.
Еден од најважните настани во 2020 година за Западниот Балкан ќе биде приемот на Северна Македонија во НАТО, наведува во својата анализа бриселскиот портал „Јуропеан Вестерн Балканс“ (ЕВБ) во делот на најави на настани што ќе ја одбележат 2020 година.

„Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО беше потпишан во февруари 2019 година, по што почна процесот на негова ратификација во националните парламенти на земјите членки. Северна Македонија речиси сигурно ќе стана 30-та членка на НАТО на почетокот на 2020 година, откако во текот на 2019 пристапниот протокол го ратификуваа 28 од 29 земји членки и остана уште само Шпанија. Одлагањето на ратификацијата во Шпанија е последица на политичката криза во земјата, а не на забелешки за членството на Северна Македонија, па приемот на државата во НАТО се очекува наскоро“, се истакнува во анализата на „Јуропеан Вестерн Балканс“.

Шпанскиот социјалистички лидер, Педро Санчез, положи заклетва како премиер, откако Парламентот, во вторникот вечерта, му даде поддршка за формирање на коалициска Влада со што се стави крај на, речиси, едногодишната политичка криза во четвртата по големина економија во еврозоната.

заклетва НАТО Педро Санчез Протокол Собрание членство Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.