Browsing: СП 2017

Актуелниот светски и олимписки првак во полуфиналето беше убедлив и против Холандија со 32:23 (полувреме 17:10) и во неделниот меч за титулата ќе игра со подобриот од вечерашната пресметка меѓу Шведска и Франција (20.45 ч.)

Во дербито на групата Ц, во Олденбург, Црногорките ја совладаа Данска со 31:24. Словенија ја порази Франција со 24:23, а Србија ја понижи Кина со 43:23. Норвешка, како бранител на титулата, ја правда улогата на фаворит против Унгарија (30:22)

Домаќинот на 23. мундијал во преполната сала во Лајпциг го совлада Камерун со 28:15. Од 11. саботни дуели на турнирот за комплетирање на првото коло во фокусот се три. Франција – Словенија во групата А, Норвешка – Унгарија во групата Б и Данска – Црна Гора во групата Ц

Избраниците на Илија Темелковски во целост ја оправдаа фаворитската улога и на крајот славеа со 48:20 во меч од второто коло во групата Ц по кое се и лидери на табелата. Утре (петок) „црвено-жолтите“ на мегдан со Тунис од 19 часот

Словенија ќе игра во групата А заедно со Франција, Романија, Шпанија, Ангола и Парагвај. Црногорките ќе бидат дел од групата Ц со Данска, Русија, Бразил, Јапонија и Тунис, а Србинките во Д конкуренцијата заедно со Холандија, Германија, Ј. Кореја, Кина и Камерун. Завршниот турнир е од 1 до 17 декември оваа година во Германија

Руне Андерсон, претседател на посебната комисијата при Интернационалната атлетска федерација (ИААФ), ја нагласи потребата од исполнување на предочените барања за враќање на руските атлетичари на меѓународната сцена

Селекторот даде слободно до понеделник кога почнува завршното темпирање на форма за СП во Франција. Националниот тим ќе има три контроли во наредната недела против БиХ, конечниот список на патници за мундијалот е најавен по Божик

Селекторот на машката ракометна репрезентација објави список со 28 играчи за подготовките за СП 2017 во Франција. Без повик останаа голманот на Барселона, потоа Ацо Јоновски и Немања Прибак. Во тимот се враќа Филип Миркуловски