Норвешка е прв финалист на 23. Светско ракометно првенство во женска конкуренција што викендот завршува во Германија. Актуелниот светски и олимписки првак во полуфиналето беше убедлив и против Холандија со 32:23 (полувреме 17:10).

Морк и Офтендал одново беа најефикасни норвешки ракометарки. Обете постигнаа по седум гола, Куртовиќ и Кристијансен по петпат ја решетаа холандската мрежа колку што реализираа Абинг и Брох во поразената селекција.

Второто полуфинале вечерва (20.45 ч.) го носи дуелот меѓу Франција и Шведска. Финалето е во недела попладне од 18.30 ч.