Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Плеј-оф за ЛШ: Спортинг Л. на Ристовски се зачлени во елитата (Видео)

0
By Нова ТВ on August 24, 2017 СПОРТ
Фото: espnfc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 24, 2017 01:05

Спортинг на Стефан Ристовски го „потопи“ тимот на ФЦСБ (поранешна Стеауа) во Романија со 5:1 и се пласира во главната фаза во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ). Македонскиот репрезентативец не беше во составот од Лисабон, но сигурно ќе биде во мечевите по групи во елитното натпреварување на УЕФА наесен. Стрелци за португалскиот претставник на националната арена во Букурешт беа Думбија во 13 минута, Акуња во 35., Мартинс во 64., Дост во 75. и Баталја во 88., почесниот за домашните го постигна Маранхао во 20 минута. Првиот меч меѓу Спортинг и ФЦСБ заврши без голови.

https://www.youtube.com/watch?v=mc4HyLRcUWQ

Карабаг го испрати вардаровиот „џелат“ Копенхаген во Лига Европа

Изненадување на вечерта приреди Карабаг. Екипата на Копенхаген, која до плеј-офот за ЛШ стигна по елиминацијата на Вардар, оствари пирова победа пред своите гледачи над претставникот на Азербејџан. Данскиот состав славеше со 2:1, но благодарение на голот на гости и минималниот триумф во првата средба во Баку, тимот на Карабаг за првпат во историјата ќе биде дел од групите во ЛШ.

Ливерпул и во реваншот го совлада Хофенхајм со 4:2 и со вкупни 6:3 продолжува во групната фаза што синоќа ја осигураа и ЦСКА Москва по победата над Јанг Бојс со 2:0 и АПОЕЛ преку Славија Прага (2:0, 0:0).

Ждрепката за групите е закажана за попладнево (18 ч.) во Монако.

Лига на шампиони/плеј-оф/реванши

ФЦСБ – Спортинг Лисабон 1:5 (0:0)

Копенхаген – Карабаг 2:1 (0:1)

ЦСКА Москва – Јанг Бојс 2:0 (1:0)

Ливерпул – Хофенхајм 4:2 (2:1)

Славија Прага – АПОЕЛ 0:0 (0:2)

Во заграда се резултати од првите средби

Лига на шампиони Плеј-оф Спортинг Лисабон Стефан Ристовски фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.