Browsing: Статистика

Најбогатиот граѓанин во државата е жителка на Скопје која во 2018 година ја остварила највисоката капитална добивка во последните 10 години. Бруто приходите што ги пријавила се 1.056.992.055 милијарда денари. Втор на листата, со остварен бруто годишен приход од 453.517.731 милиони денари е, исто така, жител од Скопје. Во топ 10 со пријавени највисоки бруто приходи во 2018 година се и жители од Гевгелија, од Струмица и од Тетово. Ова се податоци што ги соопшти директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на денешната прес-конференција

Грчките медиуми во анализите на проблемот за изминатиот период како причина го наведуваат недоволниот број на спасувачи на плажите. Само во текот на вчерашниот ден, три лица се удавија во Грција во два одвоени случаја во базени на хотели на грчките острови Родос и Крит. И во двата случаја, на хотелските базени немало спасувач во моментот кога се случиле давењата

Во периодот јануари-декември лани, 1.187.200 милиони Македонци ја посетиле Грција што е за 24,5 отсто помалку во споредба со 2017 година. Доколку се направи споредба меѓу годишните извештаи на гршката Банка за последните четири години, се забележува тренд на опаѓање на бројот на туристи од земјава за, речиси, трипати

Секторот рударство и вадење камен во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст од 1,9 отсто, секторот преработувачка индустрија пораст од 5,7 отсто, а секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1,7 отсто