Browsing: Светски економски форум

Се дефинираме преку тоа која ни е положбата на работа, каков автомобил возиме, каков часовник имаме. Тоа ни дава смисла на животот. Со оглед на тоа дека за луѓето ќе има сè помалку работа, тоа ќе мора да се менува, а тоа значи дека ќе мора да делиме, на пример автомобили, и повторно повеќе да се грижиме едни за други, вели Клаус Шваб, основач на СЕФ, во интервју за швајцарскиот весник „Блик“

Хотелските соби за време на Светскиот Економски Форум во Давос чинат по неколку илјади евра за ноќ. Клаус Шваб, кој е основач на собирот, вели дека учесниците се подготвени да платат за добра услуга, но забележува дека во некои случаи постои неразумно покачување на цените поради што, според него, менаџерите реагираат чувствително кога мислат дека некој ги искористува