Browsing: Техничка Влада

Согласно Пржинскиот договор, се формира на 100 дена до избори, во случајот за предвремените парламентарни на 12 април. Преодната Влада се избира во Собранието со просто мнозинство. Премиер на претходната беше Емил Димитриев, на претстојната е предложен Оливер Спасовски

Чулев беше директор на Агенцијата за разузнавање за време на претседателот Ѓорге Иванов. Мандатот му истече во 2017 година, а потоа продолжи да биде дел од професионалниот состав на агенцијата

Ова во ВМРО ДПМНЕ сигурно го знаеле, но ризикувале. Зошто Мицковски не предложил кандидат кој ги исполнува условите за министер, во случајов технички за МВР? – Дали Ковачки се користи како јадица, за понатаму да улови друг кандидат, во случај СДСМ да го одбие предлогот, што би било очекувано. Ако СДСМ не го прифати Ковачки, а има добра уставна причина за тоа, тогаш ќе му се отвори простор на ВМРО ДПМНЕ да предложи друго име, за кое СДСМ ќе нема многу време и причини да го оспорува затоа што ќе биде неопходно да се формира Пржинската влада, а при тоа Мицковски да предложи посигурен партиски член од неговото блиско опкружување

Од опозициските кадровски решенија за техничката Влада останува уште Министерството за внатрешни работи. Предлог на ВМРО-ДПМНЕ за позицијата е Драган Ковачки, кандидат што е спорен за СДСМ поради неговиот ангажман во Армијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил ја повика власта да не ги одложува работите и истакна дека „кочењето на професионалец за МВР, нема да го избегне неминовниот пораз, туку ќе го зголеми“ на што СДСМ возврати дека опозициската партија треба да предложи друг кандидат затоа што доставениот предлог е спротивен на Уставот

Овој профил на влада единственото оправдување за своето постоење го црпи од ниското ниво на демократија и силното влијание на политиката врз институциите. Во нормални околности, до крај не сум сигурен од потребата на техничка влада“, вели првиот преоден премиер

Првиот претседател на повеќепартиското Собрание во земјава, Стојан Андов во изјава за Нова ТВ ги толкува актуелните меѓупартиски калкулации и надмудрувања како доказ дека државата и по 30 години има сериозен хендикеп – „тоалетно третирање“ на политичките договори, кои како инструмент има клучно значење во парламентарната демократија

Владејачкото мнозинство и опозицијата постигнаа договор за усвојување на сите законски предлози од 123. собраниска седница кои се поврзани со примена од 1 јануари, изјави денеска претседателот на Собранието. Запрашан за начинот кој доведе до „примирје“ во Парламентот тој одговори – „прашајте ги Заев и Мицкоски“

Премиерот повтори дека СДСМ сака и се подготвува за избори. Како потврда за тоа ја посочи седница на Централниот одбор на партијата што е закажана за петок, кога треба да се „пресече“ за новиот технички премиер и за дополнителните заменици министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Но, додаде нема да дозволи интересот на државата да биде доведен во прашање поради нечија скриена агенда која „може да биде дури и легитимна само ако не е на штета на државата и на граѓаните“