Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: тенис
Бугаринот во полуфиналето го совлада Џек Сок од САД со 4:6, 6:0 6:3 и за првпат во кариерата ќе игра за трофеј на завршниот турнир во сезоната. Белгиецот, пак, претходно го елиминира Роџер Федерер со 2:6, 6:3, 6:4
Американскиот тенисер го совлада Германецот со 6:4, 1:6, 6:4 во директен дуел за второто место во групата „Борис Бекер“ и за финале ќе игра против Бугаринот Григор Димитров. Во второто полуфинале Федерер ќе игра со победникот од денешниот судир меѓу Доминик Тим и Давид Гофан
Американката тенисерка и еден од основачите на интернет страницата Редит, Алексис Охенијан го изговорија судбоносното „да“ на церемонија во Њу Орлеанс на која меѓу присутните беа Каролина Возњацки, пејачките Бијонсе, Сијара и Кели Роуланд, актерките Ева Лонгорија и Меган Маркл, старлетата Ким Кардашијан и многу други од американскиот џет-сет
Шпанскиот тенисер ја тужеше и ја доби Розалин Башело за клевета дека користел допинг во текот на кариерата. Таа го загуби процесот и ќе мора да плати 12.000 евра отштета на моментно водечкиот на АТП ранг листата
Швајцарецот порача дека бил подготвен да стави на кариерата по триумфот на Ролан Гарос пред осум години. Моментно е дел од завршниот Мастерс во Лондон на кој се пласира во полуфинале
Шпанскиот тенисер ја обнови повредата на десното колено на Мастерсот во Париз. Болките во меѓувреме не престанаа што резултира со втор негов отказ на голем турнир во низа и покрај напорите во меѓувреме за санација на проблемот. На негово место во групата А е уфрлен Пабло Карено Буста
Традиционалната шкотска народна носија за мажи Федерер ја доби од една госпоѓа од трибините за време на хуманитарниот меч во Глазгов и без многу убедување ја стави на себе во гемот на сопствен сервис што наиде на воодушевување кај гледачите
И покрај десетте триумфи на Ролан Гарос, сепак, сè уште има ликови во француската престолнина кои не го препозаваат шпанскиот тенисер
Првиот македонски тениски рекет е на 260 позиција (201 бод) во поединечна конкуренција и на 266. во двојки (258 бода). Шпанецот, речиси сто отсто, ќе заврши како најдобар светски тенисер за 2017 година, откако Роџер Федерер реши да се повлече од Мастерсот во Париз, па сега му е потребна само една победа во француската престолнина за потврда на лидерската позиција на крајот на сезоната
Швајцарецот во финалето славеше над Хуан Мартин дел Потро со 6:7, 6:4, 6:3 за 95 титула во кариерата и избивање на второто место на вечната листа во опен ерата. Пред него е само легендарниот Џими Конорс со 109 турнирски победи
Каролине Вознијацки е победничка на ВТА шампионатот во Сингапур и по вторпат во кариерата го освојува завршниот турнир на осумтте…
Русинката во финалето во Кина ја совлада Арина Сабаленка од Белорусија со 7:5, 7:6. Поранешната прва дама на светскиот тенис имаше големи негативи во двата сета. Во првиот со 1:4, во вториот и со 1:5, но собра сили за пресврт и голема победа на крајот и за 36 трофеј во кариерата