Browsing: тенис

Британецот не сака ризик и дополнително влошување на ситуацијата со повредениот колк, па нема да настапи на турнирот во Мелбурн што го нема освоено ниту еднаш и покрај петте одиграни мечеви за титулата

Русинката по речиси два и пол часа игра и десет спасени брејк топки ја елиминира Алисон Риске од САД со 4:6, 6:3, 6:2. Осминафиналето, пак, беше недостижна фаза за шампионката од Ролан Гарос, Јелена Остапенко

Американката во Абу Даби го одигра првиот меч по пауза од неколку месеци и породувањето во септември. И покрај поразот изрази задоволство што е повторно на терен. Овој како и настапите во првата половина на јануари ќе бидат нејзина подготовка за Австралија опен на кој ќе се обиде да ја одбрани титулата

Кам-бекот е најавен за средината на март, а поранешната шампионка на Вимблдон планира да настапи на Мастерсот во Мајами. Французинката се повлече во 2013 година поради мистериозна болест, еден месец по освоената титула на гренслемот во Лондон

Американската тенисерка уште пред породувањето во септември најави дека планира враќање на терените во првиот месец од 2018 година, а организаторите на првиот гренслем во сезоната сега потврдија дека таа се наоѓа на листата на учеснички на турнирот во Мелбурн

„Триколорите“ поведоа со 2:1 во финалето во Лил по триумфот во двојки на Гаске и Ербер против Бемелманс и Де Лор со 6:1, 3:7, 7:6, 6:4. Утре ќе се играат последните два меча во сингл во кои Цонга за противник ќе го има Гофан од 13,30 ч., а ако биде потребно по нив на теренот ќе излезат и Пуј и Дарсис

Давид Гофан во воведниот меч го совлада Лук Пуј со 3:0 (по сетови: 7:5, 6:3, 6:1), а за израмнување на „триколорите“ се погрижи Жо Вилфред Цонга кој со идентичен резултат го порази Стив Дарсис (по сетови: 6:3, 6:2, 6:1)