Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: тенис
Дваесеттата носителка во четврт-финалето подобра од првата со 7:6, 6:3 за најголем успех во нејзината кариера. Евентуален триумф и на Медисон Киз ќе значи и прв американски квартер на женскиот дел на турнирот по 1981 година кога полуфиналистки беа Трејси Остин, Крис Еверт, Мартина Навратилова и Барбара Потер
Како причина во обраќањето до јавноста ја наведе повредата на колкот и најави враќање во Бризбејн во јануари во 2018 година. Британецот е без настап на АТП турот по Вимблдон, а го откажа учеството и на Ју-Ес опен на два дена пред почеток на гренслемот во Њујорк
Летонската тенисерка, која во Њујорк е рангирана како 16 носителка, а на ВТА листата е на 146 место, во четвртото коло ја совлада фаворизираната Русинка со 5:7, 6:4, 6:2 и за место во полуфинале ќе игра против Слоун Стивенс од САД
Сопругата на најдобриот српски тенисер, според медиумите, се породи доцна синоќа и свет донесе здраво женско бебе што веднаш доби име. Познатата брачна двојка го има и синот Стефан кој на 21 октомври ќе слави трет роденден
Чешката тенисерка спаси меч топка во вториот сет, имаше 0:2 во решавачкиот и спасуваше брејк за 0:3, но успеа да се извлече од непријатната ситуација на „Артур Еш“ и на крајот да слави против кинеската ветеранка, Шуаи Жанг со 3:6, 7:5, 6:4. Шампионот во Њујорк од 2009 година во третото коло подобар од ШШпанецот Баутиста Агут со 6:3, 6:3, 6:4
Американската ветеранка во третото коло подобра од Марија Сакари од Грција со 6:3, 6:4. Шпанската тенисерка загуби сао два гема во дуелот со Магдалена Рибарикова (6:1, 6:1), а кобен за Хрватот беше Диего Шварцман од Аргентина 4:6, 7:5, 7:5, 6:4
Американската тенисерка на свет донесе девојче, тешко околу три килограми, чие име ќе биде дополнително познато. Светските медиуми јавуваат дека мајката и бебето се чувствуваат одлично
Нецели 48 часа по триумфот против Франсис Тифо, Швајцарецот „преживеа“ уште еден маратон во Њујорк и со 6:1, 6:7, 4:6, 6:4, 6:2 го совлада Михаил Јужњи од Русија. Второто коло на американскиот гренслем оваа година беше максимум за Григор Димитров и за Томаж Бердих
Резултат вреден за одбележување направи и Денис Шаповалов кој го совлада осмиот носител Жо Вилфред Цонга со 6:4, 6:4, 7:6. Женскиот турнир во Њујорк продолжува без Каролина Возњацки и Доминика Цибулкова, пласман во третото коло осигураа Гарбиње Мугуруза, Венус Вилијамс, Петра Квитова и Марија Шарапова
Темпераментниот Австралиец ја загуби контролата врз себе во поразот од сонародникот Џон Милман со 6:3, 1:6, 6:4, 6:1, елиминиран и хрватскиот „бомбардер“ од Американецот Бјорн Фратанџело, најдобриот тенисер на БиХ се проби во второто коло преку Уругваецот Пабло Куевас
Сопственикот на 19 гренслем титули мораше добро да се намачи и испоти против 19 годишното момче од Мериленд да не дозволи сензација и на машкиот дел од турнирот. И не дозволи. Конечни 4:6, 6:2, 6:1, 1:6, 6:4 за Швајцарецот кој беше непрепознатлив во првиот настап во Њујорк
Девојката која носи презиме како и јапонскиот град во кој е родена ја „збриша“ бранителката на титулата со убедливи 6:3, 6:1 и стана спортска личност број еден вечерва во светот