Американските Слоун Стивенс и Медисон Киз ќе играат во женското финале на Ју-Ес опен. Стивенс во полуфиналето ја елиминира искусната Венус Вилијамс со 6:1, 0:6, 7:5, а Киз за 68 минути ја совлада Коко Вандевеј со 6:1, 6:2 за прво финале меѓу домашни тенисерки во Њујорк од 1981 година.

И Стивенс и Киз утревечер ќе атакуваат на прва гренслем титула во кариерата. Стивенс има пет ВТА турниски победи досега, две повеќе од Киз. Финалето на Ју-Ес опен ќе биде и само втор нивни меѓусебен меч. Во единствениот досега, пред две години на Мастерсот во Мајами, Стивенс славеше со 6:4, 6:2.

За ноќеска се закажани и двата полуфинални меча на машкиот дел од турнирот. Први на централниот терен на Флешинг Медоу ќе излезат Јужноафриканецот Кевин Андерсон и Пабло Карено Буста од Шпанија, по нив и првиот носител Рафаел Надал и Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро.

Ју-Ес опен – полуфинале (ж)

Стивенс (САД) – В. Вилијамс (9., САД) 6:1, 0:6, 7:5

Киз (15., САД) – Вандевеј (САД) 6:2, 6:1