Browsing: Титула

Швајцарецот вчера попладне ја освои рекордната осма титула во Лондон по победата во финалето против Марин Чилиќ и реши да остане со „спуштена рачна“ на прославата. Затоа утрово, како што самиот кажа, се разбудил со силна главоболка по освојувањето на 19. гренслем турнир во кариерата

Српскиот тениски ас во финалето го совлада Французинот Гаел Монфис со 6:3, 6:4 за само втора титула во 2017 година по премиерната во Доха во јануари и вкупно 68 во кариерата, но и одлична лична најава пред почетокот на третиот гренслем во сезоната

Сумата што ќе легне на сметка на лондонските „сини“ доаѓа од наградниот фонд за елитното фудбалско натпреварување во Англија и од ТВ правата и за две третини е поголема од онаа на Лестер за историскиот успех на клубот од „Кинг Пауер“ стадионот во минатата сезона

„Сините“ на својот „Стемфорд бриџ“ славеа со 4:3 против расположениот Вотфорд на Валтер Мацари во заостанатиот натпревар од 28 коло. Шампионската прослава е закажана за недела по средбата по формалните 90 минути против отпишаниот Сандеренд

„Црвено-црните“ го архивираа првиот трофеј во третото учество во ВРХЛ лигата по победата над Будуќност со 27:25. Бронзениот медал на турнирот во Скопје го освои екипата на Крим Меркатор која во дуелот за трето место беше подобра од Подравка со 31:25

Актуелниот број еден во светот го совлада Рони О’Саливен, за многумина најдобриот снукерист на сите времиња, со 10:7 во фрејмови во финалето на еден од најзначајните турнири во спортот што зема се поголем замав