Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ПМФЛ: Вардар старо-нов првак, Шкендија старо-нов вицепрвак

0
By Нова ТВ on May 7, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 7, 2017 19:05

Она што досега беше извесно од попладнево стана и официјално. Вардар ја одбрани шампионската титула во домашното фудбалско првенство, откако на четири кола до крајот на сезоната има недостижни 13 бода повеќе од Шкендија.

Старо-новиот првак попладнево во меч од 32 коло ја декласира Македонија Ѓ.П. со 6:0. Блажевски беше двоен стрелец за тимот на Гоце Седлоски. Вардарвиот напаѓач погоди во петтата минута од белата точка  во 53. од игра, мрежата на фенерџијата на табелата ја тресеа уште Бобан Николов во 16 минута, Дамир Којашевиќ во 32., Тигран Барсегјан во 64. и Џонатан Балотели во 71.

Очекувани три бода на домашен терен запиша и составот на Томас Брдариќ. Тетовци со 3:0 ја поразија Брегалница што остануваат без тежина во трката за титулата со оглед на исходот на „Телеком арена“ во Скопје. Бесарт Ибраими во 19 минута, Бсарт Абдурахими во 58. и Марјан Радески во 72. реализираа за старо-новиот вицешампион.

Работнички доби уште една важна битка за европско лето. Дебармааалци во Кратово го совлада Силекс со 2:0 и останаа на плус четири од Пелистер во борбата за третата позиција. Филип Ивановски во 45 минута и Иван Вуковиќ во третата минута од судиското продолжение „стрелаа“ за тимот од Градски парк. Битолчани, пак, со 3:о славеа во натпреварот со Ренова. Фернандо Силва во 42 минута го начна прволигашот од Џепчиште, го доврши Баже Илијоски со головите во 45 минута и во 80.

Победа успеа со пресврт до големи три бода на Чаир (2:1) во дуелот со Шкупи. Мбела обезбеди водство за домашните во петтата минута, Гешоски во 40. израмни на 1:1, а Цветаноски во 58. го сврте резултатот во корист на гостите кои остануваат во игра за избегнување на плеј-аут разигрување и обезбедување на директен опстанок во прволигашката конкуренција.

Прва лига, 32 коло

Вардар – Македонија Ѓ.П. 6:0

Шкендија – Брегалница 3:0

Силекс – Работнички 0:2

Пелистер – Ренова 3:0

Шкупи – Победа 1:2

Табела: Вардар 75, Шкендија 62, Работнички 52, Пелистер 48, Ренова 45, Силекс 42, Шкупи 33, Победа 32, Брегалница 21, Македонија Ѓ.П. 19.

Идно коло (14 мај): Работнички – Вардар, Македонија Ѓ.П. – Шкендија, Пелистер – Шкупи, Ренова – Силекс, Брегалница – Победа.

Вардар Прва лига Титула фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.