Browsing: Тотенхем

Лондонските „сини“ славеа со 2:1 со головите на шпанскиот интернационалец од кои првиот дојде од слободен удар што го изведе „а ла“ Дејвид Бекам во 24 минута, вториот го постигна по асистенција на Педро во 88. Единствениот за „спарси“ беше автогол на Миши Бачуаи по три минути од влегувањето во игра на местото на Алваро Мората

„Сините“ ја „Стемфорд бриџ“ го поразија Саутемптон со 4:2 со два гола на шпанскиот репрезентативец и по еден на Азар и Кејхил. Тотенхем вечерва му гостува на Кристас палас и со евентуална победа ќе се врати на четири бода од градскиот ривал

Лондонските сини славеа на гости кај Борнмут со 3:1 што е нивна 24 победа во сезоната. „Спарси“ со 4:0 го декласираа Вотфорд, како фаворити се потврдија и Ливерпул и Манчестер сити во дуелите со Стоук, односно, Хал

Лондонските „сини“ беа непријатно изненадени на „Стемфорд бриџ“ од Кристал палас со 1:2, „спарси“ го совладаа Барнли на гости со 2:0, а со ист резултат и шампионот освои три бода против Стоук за четврта победа во низа по разделбата со Клаудио Раниери

Само еден поглед на табелата упатува на заклучок дека нè очекува најтесната и најнеизвесна борба за тронот во средина што ги обединува некои од најголемите тренерски имиња како Мурињо, Гвардиола, Венгер, Конте, Клоп