Browsing: Тракаи

Тетовци попладнево во Струмица го совладаа Тракаи со убедливи 3:0 и се придружија на Вардар во утрешната ждрепка за последното скалило во второто по ранг европско клупско фудбалско натпреварување

Тракаи славеше со 2:1 во првиот меч од третото коло што македонскиот вицепрвак го заврши со две исклучувања. Директен црвен картон во 57 минута доби Стенио Жуниор, стрелец на единствениот погодок за тетовци во Вилнус, а пет минути подоцна по вторпат во бележникот на судијата од Северна Ирска влезе и Ардијан Цуцули. Двата гола за домашните беа дело на Максим Максимов во првата минута и во 52. Реваншот е во четврток на „Младост“ во Струмица од 17 часот