Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛE: Шкендија со три „парчиња“ и за Тракаи до нов плеј-оф (Видео)

0
By Нова ТВ on August 3, 2017 СПОРТ
Фото: facebook.com/fcshkendija/
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 3, 2017 19:51

Шкендија по вторпат во низа ќе игра во плеј-оф за групна фаза во УЕФА Европа лигата. Тетовци попладнево во Струмица го совладаа Тракаи со убедливи 3:0 и се придружија на Вардар во утрешната ждрепка за последното скалило во второто по ранг европско клупско фудбалско натпреварување.

Двоен стрелец за „црвено-црните“ беше капитенот Ферхан Хасани во 42 минута и во 88., откако серијата голови на стадионот „Младост“ ја отвори Бесарт Ибраими во 29 минута. Гостите го завршија мечот без Климавичиус кој во 72 минута по вторпат влезе во жолтиот бележник на главниот судија.

Шкендија беше апсолутно подобар ривал во мечот и без премногу проблеми ја анулира предноста што Тракаи ја донесе од Вилнус. Фудбалерите во „црвено-црна“ комбинација им подарија на навивачите и три прекрасни гола од кои два дојдоа по закани од дистанца.

https://www.youtube.com/watch?v=NicVUxLiCUk

Најпрво Ибраими од околу 25 метри го совлада гостинскиот голман Плукас кој беше немоќен да спречи капитулација од, речиси, истата дистанца и во финишот на првиот дел. Хасани одлично го изведе слободниот удар што самиот го изнуди и со ефектен гол ги поведе соиграчите на одмор.

Шкендија не даде впечаток дека е задоволна во продолжението и покрај двата постигнати гола. Во бранови бараше и трет што дојде по контранапад. Во улога на асистент Шефит Шефит, во улога на егзекутор Хасани за елиминирање на секаква можост за евентуални продолженија за што гостите и не покажаа дека се кадарни да ги обезбедат.

Ова е трета победа на Шкендија што е изразена со три постигнати гола ова лето во Струмица. Со идентичен резултат (3:0) во првото коло беше совладана Дачија, а во второто беше поразен и Хелсинки со 3:1.

Шкендија – Тракаи 3:0 (2:0) – вкупен резултат 4:2

Стадион: „Младост“ во Струмица. Гледачи: 2.500. Гл. судија: Клејтон Писани. Асистенти: Алан Камилери и Евдард Спитери (сите трјца од Малта). Ж. картони: Воробјовас, Климавичиус, Јериоменко (Тракаи). Ц. картон: Климавичиус 72′ (Тракаи). Стрелци: Б. Ибраими 29′, Хасани 42′, 88′ за Шкендија.

Шкендија (формација: 4-2-3-1): Захов – Челиковиќ, Бојку, Бејтулаи, Тодоровски – Алими, Тотре – Абдурахими (Шефити 82′), Радески (Фазлагиќ 90′), Хасани (Зејнулаи 90’+3′) – Б. Ибраими. Тренер: Ќатип Османи.

Тракаи (формација: 4-3-3): Плукас – Вакили, Климавичиус, Јанушевскис, Боровскиј – Шиленас (Чижас 81′), Воробјовас, Шишка (Мамаев 88′) – Дорли, Бихенок (Јериоменко 46′), Максимов. Тренер: Олег Василенко.

квалификации Лига Европа Тракаи фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.