Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прифатливо со два црвени картона: Шкендија со минус еден во Вилнус

0
By Нова ТВ on July 27, 2017 СПОРТ
Фото: fkt.lt
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 27, 2017 21:00

Шкендија загуби во Вилнус, но може да биде задоволна со конечниот исход со оглед на настаните на теренот во второто полувреме. Тракаи славеше со 2:1 во првиот меч од третото коло квалификации за Лига Европа што македонскиот вицепрвак го заврши со дури двајца играчи помалку.

Директен црвен картон во 57 минута доби Стенио Жуниор, стрелец на единствениот погодок за тетовци во Литванија, а пет минути подоцна по вторпат во бележникот на судијата од Северна Ирска влезе и Ардијан Цуцули. Двата гола за домашните беа дело на Максим Максимов во првата минута и во 52.

И покрај тоа, Шкендија успешно се носеше на теренот и одолеа на предизвикот да не прими и трет гол што ќе значеше и комплицирање на плеј-оф мисијата пред реваншот на „Младост“ во Струмица. Во контекст на таквата ориентација беа и замените на Ќатип Османи кој од игра ги повлече Бесарт Ибраими, Марјан Радески и Ферхан Хасани и на нивно место на тревникот, со дефанзивни задачи, ги испрати Бесмир Бојку, Мевљан Мурати и Олси Теќа.

Целта на крајот даде резултат. Минусот од еден гол од 52 минута остана и по 90., а тетовци притоа ја остварија една од желбите со кои отпатуваа во Литванија. Не победија, не ремизираа со голови меѓутоа постигнаа еден што го посакуваа кој може да биде и пресуден во двомечот и патникот во плеј-офот.

Реваншот меѓу Шкендија и Тракаи е наредниот четврток на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток во 17 часот.

Тракаи – Шкендија 2:1 (1:1)

Стадион: „ЛФФ арена“ во Вилнус. Гледачи: 4.500. Гл. судија: Нил Дојл. Асистенти: Емет Динан и Дермот Броутон (сите тројца од Северна Ирска). Ж. картони: Климавичиус, Шишка (Тракаи); Цуцули, Хасани, Челиковиќ (Шкендија). Ц. картони: Жуниор 57′, Цуцули 62′ (Шкендија). Стрелци: Максимов 1′, 52′ за Тракаи; Жуниор 39′ за Шкендија.

Тракаи (формација: 4-3-3): Плукас – Вакили (Траоре 84′), Климавичиус, Јанушевскис, Боровскиј – Шиленас, Шишка (Јериоменко 80′), Воробјовас – Дорли, Бихенок, Максимов. Тренер: Олег Василенко.

Шкендија (формација: 4-2-3-1): Захов – Челиковиќ, Цуцули, Бејтулаи, Тодоровски – Алими, Тотре – Жуниор, Радески (Теќа 64′), Хасани (Мурати 90’+3′) – Б. Ибраими (Бојку 72′). Тренер: Ќатип Османи.

квалификации Лига Европа Тракаи фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.