Познати двојките за 3 коло и во ЛШ: Вардар преку Малме до Копенхаген

Македонскиот фудбалски првак би играл со победникот од двомечот меѓу Жилина и Копенхаген доколку успее да го мине Малме. „Црвено-црните“ имаат одлични 1:1 од „Сведбанк арена“ во средата пред возвратниот дуел на стадионот „Младост“ во Струмица, Данците како гости го совладаа словачкиот претставник со 3:1

Ждрепка за 3 коло за ЛЕ: Бинго за Шкендија, Работнички на Кипар

Тетовските „црвено-црните“ би играле со подобриот од двомечот меѓу шведски Норчепинг и Тракаи од Литванија доколу триумфот од 3:1 над Хелсинки биде доволен на реваншот во Финска. Дебармаалци, пак, во случај да го елиминираат Динамо Минск ќе одат на пресметки со Корк Сити или АЕК Ларнака на Даниел Мојсов и Иван Тричковски. Кипраните се поблиску до наредната рунда со оглед на минималната победа со 1:о на гостувањето во Република Ирска