Browsing: УЕФА

Европската фудбалска асоцијација преку својата интернет страница објави дека актуелниот нејзин претседател ќе биде единствен кандидат за претседател на 43. Конгрес на УЕФА во Рим на 7 февруари во 2019 година

Казната за седумкратниот европски првак доаѓа како последица за кршење на правилото за финансиски фер-плеј, соопштија од централата во Нион. Нивното место во групната фаза во ЛЕ го добива Аталанта додека местото на тимот од Бергамо во квалификациите ќе биде пополнето со Фиорентина

Римјаните ги нокаутираа вечерва непрепознатливите гости од Каталонија со 3:0 за историско полуфинале во елитното фудбалско друштво на УЕФА, Ливерпул подобар од Манчестер сити и во реваншот на „Етихад“ со 2:1 со пресврт во второто полувреме

Почнувајќи од наредната сезона, тренерите ќе имаат право да направат и четврта замена, но само во случај на продолженија, а финалистите ќе може да имаат до 12 резервни играчи што, на пример, е случај во Италија, пресметките во ЛШ и во ЛЕ од септември ќе почнуваат во 18,55 часот и во 21 часот, а клубовите во зимскиот преоден рок ќе добијат дозвола за промена до тројца фудбалери без никакви рестрикции

Акцентот на инспекторите притоа е ставен на четири средби во сезоната 2015/16 од кои две во квалификациите за Лигата на шампиони и две во групната фаза во Лига Европа (ЛЕ) за кои, како што е наведено во извештајот, се забележани големи уплати на азискиот пазар

Првиот човек на УЕФА овојпат ја удостои Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со свое присуство на отворањето на сместувачкиот капацитет при тренинг центарот „Петар Милошевски“ кој опфаќа 30 двокреветни соби што се целосно опремени за живеење, апартмани за селекторите и нивните соработници, како и заеднички простории – сала за состаноци, училници и заедничка кујна и трпезарија