УЈП: Работодавачи со државна поддршка за плати, но и задршка на дел од парите

Апелирам до сите работодавачи што не ја испочитувале законската одредба да го направат тоа кон своите вработени, бидејќи целта на финансиската помош беше да се зачуваат работните места, а не парите да ги земат работодавачите“, рече Лукаревска и додаде да го направат тоа пред да бидат јавно објавени

Граѓаните со бруто приходи од 309 милијарди денари, скопјанка е најбогата во државата

Најбогатиот граѓанин во државата е жителка на Скопје која во 2018 година ја остварила највисоката капитална добивка во последните 10 години. Бруто приходите што ги пријавила се 1.056.992.055 милијарда денари. Втор на листата, со остварен бруто годишен приход од 453.517.731 милиони денари е, исто така, жител од Скопје. Во топ 10 со пријавени највисоки бруто приходи во 2018 година се и жители од Гевгелија, од Струмица и од Тетово. Ова се податоци што ги соопшти директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на денешната прес-конференција

Почна исплатата на повратот на ДДВ за периодот октомври-декември

На 197.819 граѓани ќе им бидат вратени 238.075.865 милиони денари или 3,871 милиони евра, соопшти директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, која оцени дека мерката дава резултати, дека е популарна меѓу граѓаните и оти се бележи раст на наплата на ДДВ во периодот по нејзина примена

Лукаревска: Мој ДДВ покажува добри резултати и надвор од нашата држава

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) денеска оствари средба со директорката на даночната администрација на Албанија, Делина Ибрахимај. Во фокусот беше начинот на функционирање на мерката „Мој ДДВ“, но и на целокупниот оперативен систем поради заинтересираноста на западниот сосед за имплементација на реформата

УЈП: ВМРО-ДПМНЕ со долг од 22,8 милиона денари кон „Полиестердеј“, а „Полиестердеј“ кон „Монт“ 17 милиони

Од УЈП велат дека ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори во 2019 година склучила договор со „Полиестердеј“ за 1,3 милиони парчиња рекламен изборен материјал (маички, капчиња, запалки, пенкала, итн.) во врдност од 34.362.612 милиони денари. Од седумте фактури што ги испратила фирмата, ВМРО-ДПМНЕ платила само 11.509.796 милиони денари и останале должни 22.852.816 денари. Согласно договорот, средствата требало да бидат исплатени во рок од 60 дена по испорака на материјалот, што значи дека исплатата требало да заврши до јули оваа година. За реализација на договорот кон ВМРО-ДПМНЕ, „Полиестердеј“ врши нарачка од шпанска компанија „Горфактори“ и од македонската „Монт“ која е фирма ќерка на „Орка Холдинг“